Ирскиот премиер Лео Варадкар во официјална посета на земјава

January 12, 2024
1 min read

Евроинтеграциите се национална амбиција, а не партиска работа. Ова е пораката на ирскиот премиер Лео Варадкар, денеска од Скопје. Посочи дека политичката состојба во земјава треба да остане стабилна, а во исто време изрази надеж дека процесот на преговори со Европската Унија ќе се забрза и од двете страни.

Според Варадкар 10 години од последното проширување на Унијата е долг временски период и време е да се отворот портите за нови членки во европското семејство.

За премиерот Ковачевски, сите алтернативи наспроти членството во ЕУ се утопии кои не можат да дадат ниту приближен резултат на она што го дава членството во Унијата. Порача дека не постои сила во земјава, која може да го запре процесот на евроинтеграции.

Ковачевски и Варадкар денеска немале детални разговори за корупцијата во земјава. Ирскиот премиер порача дека битката против корупцијата е постојана и нема да заврши кога Македонија ќе се приклучи на ЕУ. Порача и дека Ирска е подгтвена да и помогне на Македонија во реформскиот процес.

Премиерот Ковачевски пак се наврати дека токму за време на ирското претседателство со ЕУ, во 2004 година, Макеоднија ја поднесе апликацијата за членство во ЕУ и оттогаш добива континуирана поддршка од Даблин.

Варадкар е во посета на Македонија како дел од дипломатската турнеја во трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот. Пред да пристигне во Скопје, ги посети и Црна Гора и Косово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За 100 евра издавале лажни потврди за наводно „бугарско потекло“: Започната истрага против градоначалничката на Булќиза

Следно

Истрага против градоначалничка во Албанија, чиј брат издавал лажни потврди за бугарско потекло

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop