Instagram ја претстави опцијата „Вашиот алгоритам“: корисниците добиваат директна контрола врз препораките

December 11, 2025
1 min read

Instagram првпат ќе им овозможи на корисниците директно да влијаат врз темите што им ги препорачува алгоритмот, функција која досега беше препознатлива за TikTok. Новата алатка „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm) најпрво ќе се појави во секцијата Reels, а подоцна ќе биде проширена и во Explore и други делови од апликацијата.

Како и многу други иновации на Meta, функцијата се потпира на вештачка интелигенција. Од компанијата велат дека целта е корисниците да добијат поголема контрола и поперсонализирано искуство. „Како што се развиваат вашите интереси, сакаме да ви понудиме посмислени начини за управување со тоа што го гледате“, соопшти Instagram. „Со користење на AI, можете полесно да прегледувате и приспособувате теми кои го оформуваат вашиот Reels фид.“

Опцијата ќе се активира преку иконата во горниот десен агол на Reels, каде ќе се отвори листа со теми за кои алгоритмот смета дека ве интересираат. Корисниците добиваат три клучни алатки: преглед на тековните интереси, можност за менување и прилагодување на темите што сакаат почесто или поретко да ги гледаат, како и новитет, можност да го споделат сопствениот „алгоритам“ во Story, за следбениците да видат што ги инспирира во моментот.

Иако Meta ја истакнува AI како средство за подобрување на искуството, дел од корисниците претходно се пожалија дека платформата генерира сензационалистички и неточни содржини преку своите AI алатки, па останува да се види дали новата функција ќе донесе поголема прецизност.

„Вашиот алгоритам“ од денес е достапен во САД, а глобалното воведување, вклучително и кај нас, се очекува во наредниот период.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работилница на Секторот за сообраќајни работи при МВР за индикатори за безбедност во сообраќајот

Следно

Руте: Ние сме следната цел на Русија

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop