Хрватските пожарникари цела ноќ се бореле да спречат ширење на пожарот на Чиово кон објектите

July 28, 2023
1 min read

Во текот на ноќта 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедувале опожарениот простор со што спречиле негово ширење кон објектите

Пожарот на хрватскиот остров Чиово сè уште не е изгаснат, но утринава состојбата е многу поповолна од вчера, објави Здружението на Хрватската противпожарна бригада.

Уште има пламени јазици и чад на места, а во текот на ноќта 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедувале опожарениот простор.

Во 5:45, канадерите заминале на поправка, јави ХРТ.

И покрај тоа што силниот ветер го отежнувал гаснењето, пожарникарите вчера попладнето и ноќта успеале да спречат негово ширење, па немало опасност за објектите.

Според проценките, опожарени се околу 450 хектари трева и ниска вегетација.

Големиот пожар во островот Чиово избувна вчера попладне, а пожарникарите се жалеа дека ветрот го отежнува гаснењето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кеси ќе заврши во Јувентус ?

Следно

Уапсени 21 навивач за инциденти пред и за време на натпреварот Шкупи- Левски

Latest from Blog

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,
Go toTop