Уапсени 21 навивач за инциденти пред и за време на натпреварот Шкупи- Левски

July 28, 2023
1 min read

Полицијата товари 2 навивачи на Шкупи и 19 на Левски од Софија за нарушување на јавниот ред и мир – пред и за време на натпреварот, а дел од нив и за физички напад на полициски службеници. Се расчистува случајот и за бугарскиот државјанин кој во Чаир бил прободен со нож

Извор: Принтскрин / 4news.mk

Полицијата вчера уапсила вкупно 21 лице – пред и за време на натпреварот на фудбалските клубови Шкупи од Скопје и Левски од Софија.

Од уапсените,19 биле навивачи на Левски, а двајца на Шкупи. Според Министерството за внатрешни работи, навивачите од Бугарија освен што го нарушиле јавниот ред и мир во Скопје, физички нападнале и полицајци.

„Приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“,

соопшти МВР.

Околу полноќ пак, полицијата уапсила и двајца навивачи на Шкупи. Тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

„И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“,

велат од МВР.

Вчера инцидентите меѓу двете навивачки групи почнаа уште пред да стартува натпреварот. Еден бугарски државјанин беше прободен со нож, по што заврши во болница.

Бугарските медиуми првично известија дека група фанови на Левски ја напуштиле безбедносната зона и се упатиле кон Чаир каде настанала тепачка со навивачките на Шкупи. МВР вели дека се расчистува и овој случај.

„Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18:38 часот е пријавено дека се случил на ул. ‘Цветан Димов’, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави. Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ ‘Св.Наум Охридски’ и е во стабилна состојба“,

информира полицијата.

Видеа од инцидентот се појавија и на социјалните мрежи.

Инаку, натпреварот меѓу Шкупи и Левски беше во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Македонскиот фудбалски прволигаш го загуби првиот квалификациски натпревар од бугарски Левски. Натпреварот заврши со резултат 0:2.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватските пожарникари цела ноќ се бореле да спречат ширење на пожарот на Чиово кон објектите

Следно

Руските власти тврдат дека собориле дрон кој целел на Москва

Latest from Blog

Младинците со пораз ги завршија квалификациите за Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија загуби со 2:0 од Шведска во последното, 10. коло од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шведска поведе во 15. минута преку Свенсон на мечот

Тоневски: Благодарност до учителите за секој час, совет и охрабрување

По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата. Тоневски посочи

Гаши со поранешните собраниски претседатели: Формиран Совет за институционална меморија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната трета средба со поранешните собраниски претседатели ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието. На средбата присуствуваа поранешните претседатели Тито Петковски, Никола

Берзата со промет од 7,4 милиони денари, МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.962,91 поени. Во однос

Македонската берза во септември со промет од 402 милиони денари, Комерцијална убедливо најтргувана

Месечен извештај за периодот 01.09.2026–30.09.2026. Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјалниот месечен билтен на Македонска берза. Вкупниот промет во септември, вклучувајќи ги блок-трансакциите, изнесуваше 402.389.011,49 денари. Редовното тргување
Go toTop