Каков е вашиот став за новото задолжување на Северна Македонија кај Унгарија кое го најави премиерот Христијан Мицкоски?
Јас не очекував дека оваа Влада бидејќи од секогаш сум бил во тие кругови дека на овој начин ќе ја презентира целокупната состојба која што ја затекна. Иако не можат се правдаат дека ова е некое изненадување затоа што тие не дојдоа, не паднаа од небо, нити дојдоа од странство. Сегашната министерка за финансии им беше главна во партијата за финансиите и сите знаевме дека таа ќе биде на оваа функција.
Сега ваков речник, катастрофа, не навлегувам во тоа дали е точно или не е само за нив не треба да е толкаво изненадување. Второ, со истите најави, со истите оценки, со истиот речник СДСМ во 2015, 2016, 2017 година истото го кажуваше за тоа што исто така најде безмилосно трошење на буџетски пари. Од друга страна СДСМ исто така безмилосно трошеше и не само што не намали буџетот од претходните влади таа на Груевски, туку исто така го зголеми. Постојано, безмилосно се трошеа парите и сега морам да и признам на сегашната власт дека и сега тоа е точно. И тогаш и сега.
Но ова ќе биде ново задолжување, на веќе постоечките?
Да, тоа ќе биде ново задолжување и тие викаат дека има потреба и од други задолжувања, но проблемот е во следното. Единствено што ме изненади што прогнозираната стапка на раст на економијата ја коригираат од 3,4 на 2,1 проценти.
Дали е таа реална?
Да, реална е. Бидејќи и не треба да си економист за да знаеш дека веќе 30 години Македонија не остварила повисока годишна стапка од 2,1 или 2,2 проценти раст. Цело време со огромни задолжувања во странство за покривање на дефицитот. За тоа што ако растот на економијата ќе биде 2,1 процент не ќе има приходи во буџетот. Ќе нема даноци, па ќе бидеме повторно да се задолжуваме за покривање на доспеаните обврски кои не можат со вакви инвестиции и со вакви странски приливи да ги покриеме.
Како ги оценувате условите под кои ќе биде земен заемот од Унгарија. Според информациите ќе биде со камата од 3,5%, со грејс период од 3 години и 12 годишна отплата?
Тоа е поволен кредит, ама да не сме во состојба во која сме. Да не ни е ваквото искуство кое до сега го имаме. Плус, велат дека нема да имаме раст на економија. Во светски размери сепак, ова се поволни услови.
Првата половина од милијарда евра е најавено дека ќе биде дел за општините, а дел за бизнисите.
Колку од ова ќе биде корисно за економијата?
Со години, не со години, туку од секогаш и тие пари мали износи кои ги предвидуваме за капитални вложувања со наши пари од буџетот, никогаш не се реализирани повеќе од 50 проценти, а јас викам и до 40 проценти и се чувале на редовни ребаланси, кои порано беа во септември, да ги пренесат за тоа што не можат да ги реализираат. Затоа што, за да црпиш пари било од буџетот, било од странските финансиери, тие не ти ги даваат на располагање на жиро сметка, па да си ги земеш. Странците ти даваат, но ќе ги вратиш. Ние немаме административен капацитет да ги црпиме дури и парите кои ни ги даваат на располагање.
Министерствата, дирекциите, јавните претпријатија. Јас сум сведок, доаѓаат пари, но треба фактура за извршени работи. Нема- не ја завршил работата. Таму се јавиле 100 проблеми. А од друга страна каде им биле тие проекти на општините? Па тоа е една голема буџетска дупка. Тоа е дупка на државата. Долговите на општините кои не се познати. И сега ќе дојдат одмори, кога ќе бидат способни општините да ги креираат. Проектирањето треба да биде долго за извршувањето да трае кратко. Еве што се случува со „Синохидро“?
Што со бизнисите на кои исто така ќе им бидат дадени пари од заемот?
Тие ќе треба да имаат проекти и на нив мислев. И тие компании и јавни и приватни ќе треба да исполнат услови, а по тоа не можат да реализираат. Еве еден проблем е што се соочуваат со недостиг на работна сила. Да не зборуваме за квалитетот. Само нашите пари лесно се трошат и никој не одговара, но туѓите ќе треба да ги вратиме. Втората половина од милијардата е во најава дека ќе биде земена и потрошена на обврските кои во јануари следната година доспеваат за земената еврообврзница.
Води ли ова задолжување кон ново задолжување, па повторно и до каде може да оди?
Без сомневање. Ако нема заживување на стопанството да креира акумулација, секое задолжување ќе носи ново задолжување за исплата на давачки. И сега тоа го прават и сега овие големи износи се за тоа, да се вратат од порано стасаните обврски на државата спрема доверителите, странски.
Како може да се реши ситуацијата?
Па, прво треба граѓаните да се информираат објективно, а не со демагогија дека состојбата е ваква и што ќе преземат во иднина. Имаме ветувања, ветувања без покритие.
Целото интервју со поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини можете да го погледнете во видеото погоре.
Извор: Радио Слободна Европа