Израелските демонстранти бараат договор за размена на заложници и предвремени избори

July 21, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Синоќа, во неколку градови низ Израел се одржаа демонстрации со барање за договор за размена на заложници со палестинските фракции во Појасот Газа и предвремени избори, пренесува Анадолу.

Илјадници протестираа низ целата земја, меѓу кои и во Тел Авив, Хаифа и Цезареја, и инсистираа на договор што ќе доведе до ослободување на заложниците од Газа, објави израелскиот дневен весник Једиот Ахронот.

Во Тел Авив, демонстрантите држеа транспаренти со кои го обвинуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху дека „не се грижи за животите на заложниците во Газа“.

На раскрсницата Хорев во Хаифа, стотици демонстрираа со транспарент на кој пишуваше: „Не се простува за небрежноста“, објави весникот.

Израел проценува дека околу 120 Израелци се држени од палестинската група на отпорот, Хамас, во Газа.

Со месеци, напорите на САД, Катар и Египет да издејствуваат договор меѓу Израел и Хамас за размена на заложници и прекин на огнот беа попречувани поради одбивањето на Нетанјаху на барањето на Хамас за запирање на нападите.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 38.900 Палестинци, главно жени и деца, а над 89.600 се повредени.

Повеќе од девет месеци по почетокот на израелскиот напад, огромни делови од Газа се во урнатини, каде има блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хајредини: Државата нема капацитет да ги црпи и парите од заеми

Следно

Фон дер Лајен по телефонскиот разговор со Бајден: ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop