Гума за џвакање стара 10.000 години открива исхрана од камено време и лошо орално здравје

January 22, 2024
1 min read

Пред десет илјади години, тинејџери во денешна Шведска џвакале и плукале парчиња смола од бреза, на ист начин како што современите деца може да ја залепат користената гума за џвакање на долната страна од училишната маса.

Сепак, овие тинејџери не ни знаеле дека нивната плукната „гума за џвакање“ еден ден ќе ја анализираат научниците, откривајќи дека јаделе елени, пастрмка и јаткасти плодови, обработувале крзно од волк и лисица со забите и страдале од болести на непцата.

Три парчиња џвакана смола од бреза, користена како лепак за време на каменото време, првично беа откриени во 1990-тите на локалитетот наречен „Хусеби Клев“. Врз основа на староста на седиментот во кој се пронајдени примероците, истражувачите проценуваат дека се стари помеѓу 9540 и 9890 години.

За да потврдат дека збрчканите примероци навистина биле џвакани од луѓе, авторите на студијата ги споредиле ДНК секвенците на микробите присутни во смолата со современите и старите плунковни микробиоми. Притоа, тие откриле високи нивоа на бактерии поврзани со периодонтитис (болест на непцата), како што се Treponema denticola, Streptococcus anginosus и Slackia exigua.

Други бактериски видови, вклучувајќи ги Streptococcus sobrinus и Parascardovia denticolens, и двата показатели за расипување на забите, исто така ги имаше во изобилие во древните гуми за џвакање.

Коментирајќи ги овие наоди во изјава, авторот на студијата, др. Емрах Кирдок објасни дека „има многу ДНК секвенци во џваканата мастика од „Хусеби Клев“ и во неа наоѓаме бактерии за кои знаеме дека се поврзани со периодонтитис и ДНК од растенија и животни кои претходно биле џвакани“.

Покрај истакнувањето на лошото орално здравје на мезолитските Скандинавци, генетските податоци извадени од гумата за џвакање открија различни растителни и животински видови кои минувале меѓу усните на џвакачите непосредно пред да ја гризнат смолата – лешници, јаболка, кафеава пастрмка, црвен елен.

Било откриено и дека Скандинавците од камено време можеби ги користеле забите за да ги обработат коските на некои видови птици и да ги направат алат.

Истражувачите, исто така, идентификуваа ДНК од црвена лисица, арктичка лисица и волк. Според авторите, овие животни најверојатно биле ловени поради нивното крзно, а луѓето можеби ги користеле забите во одреден момент при подготовката на овие кожи.

Меѓу другите растенија откриени во гумата за џвакање беше и имелата, за која истражувачите велат дека можела да се користи во медицината или да се произведе отров за врвовите на стрелките.

Сумирајќи ги наодите на тимот, авторот на студијата, професорот Андерс Гетерстром, рече дека ДНК во античката гума „обезбедува слика за животот на мала група ловци-собирачи на скандинавскиот западен брег“.

-Знаеме дека овие тинејџери јаделе елени, пастрмка и лешници пред 9.700 години на западниот брег на Скандинавија, додека барем еден од нив имал сериозни проблеми со забите, рече тој.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството со детали за сообраќајката кај Табановце: Патничка од кумановското возило излегла, а во тој момент на неа налетало возило со српски ознаки

Следно

Делницата Велес-Градско затворена за сообраќај од 9 до 16 часот, забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop