Законот доби зелено светло од значително мнозинство од 254 пратеници во грчкиот парламент кои го поддржаа законот, 76 беа „против“,додека пак двајца гласаа „воздржано“. Задоволен од одлуката премиерот Кирјакос Мицотакис истакна дека одлуката ја отсликува денешната Грција, прогресивна и демократска земја, посветена на европските вредности.

Додека поддржувачите на ЛГБТ заедницата во живо на плоштадот во Атина го чекаа гласањето во Парламентот, други протестираа против историскиот закон за легализирање истополови бракови, кој што им дава на истополовите парови целосни родителски права, но нема да им дозволи на машките партнери да бараат деца родени во Грција преку сурогат мајчинство. Меѓу оние кои не ја кријат радоста беше и лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис кој што доцна синоќа со неговиот сопруг славеа во ЛГБТ клуб во Атина, а на присутните им порача да бидат горди на себе

Измените наидоа на жесток отпор од страна на грчката православна црква и многумина граѓани кои протестираа против одлуката на парламентот, со која како што велат се става под знак прашалник иднината на државата.