Семејството било пронајдено откако група ловци биле нападнати во близина, застрелани од човек од катакомбите откако се приближиле до неговиот имот,објави Прототема.

Нападот се случил минатиот викенд, а кога полицијата излегла на местото на настанот останала запрепастена од она што го пронашле.

Според грчките медиуми, во понеделникот полицијата извршила претрес во куќа направена од кал и катакомби под куќата, во која живеат маж, жена и нивните четири деца.

Под куќата од кал полицијата пронашла тунел, долг околу 30 метри, кој водел до чудно светилиште.

Истовремено, во куќата било пронајдено импровизирано оружје како лакови и стрели, четири ножеви, но и воздушен пиштол, повеќе од 100 куршуми за ловечка пушка и друга муниција.

Скривалиштето на „пештерските луѓе“ е откриено откако минатата сабота ловец повикал полиција и рекол дека непознат маж пукал во него и неговите пријатели. Кога ловџиите се приближиле до реонот каде се наоѓала семејната куќа, мажот (45) излегол и отворил оган, а пред тоа, се претпоставува, го запалил автомобилот на ловецот кој бил оставен во близина.

„Минатата сабота отидовме на лов, како и секој викенд. Ми кажаа дека таму живеат луди луѓе, дека не се многу чисти, дека живеат во шума. Тогаш забележав дека некој ми ја запалил колата. Се упативме кон нив и јас го видов и викав да го прашам што прави и потоа почнаа да пукаат“, рекол ловецот.

Кога полицијата пристигнала по пријавата, на вратата од куќата од кал се појавил 45-годишен маж со сопругата, синот и ќерката. Почнале да ги туркаат полицајците, а ќерката која има 22 години се фатила за стап и почнала да го удира полицаецот по глава. Потоа им го грабнале оружјето и почнале да бегаат од колибата пукајќи во воздух.

Мажот и жената кои биле пронајдени како живеат во таа куќа се нарекуваат брат и сестра, а велат дека се стари христијани и Римјани, но не и Грци.

„Ние сме заедница на стари христијани, по примерот на старите верници во Русија или Амишите во Америка. Го отфрламе технолошкиот напредок и живееме традиционално, како првите христијани“, рече главата на семејството.

„Мојата сопруга ја нарекувам сестра Севастиани и син ми брат Николас. Сите ние сме човечки браќа“, додаде 45-годишникот.

Според него, низ Грција има четири такви заедници.

На прашањето за нападот врз ловџиите, тој рече дека ловецот дошол на 20 метри од неговата куќа во саботата вечерта.

„Ја фати свињата и сакаше да ја убие“, рекол човекот.

Запрашан за лаковите и стрелите кои се пронајдени во неговата куќа, тој рече дека тоа не е оружје, туку артефакти.

„Во античка Грција лаковите се сметале за срамни, старите Грци имале копја. За време на Римјаните, бидејќи ние сме Римјани, значи не сме Грци, лакот дошол во Византија. Значи, имаме лак, што нѐ разликува од грчките. Тоа е артефакт, го правиме на традиционален начин и не го третираме како оружје, тоа е знак на нашата култура“, додаде 45-годишникот.

@billpanoutsakopoulos Ζουν με τόξα και βέλη σε λαγούμι 30 μέτρων – Γονείς και 4 παιδιά #κορινθος #σπηλια #sad #bill_panou ♬ Nuclear Bomb Fantasy – Antonio Tuahouns

Неговата сопруга рече дека вака живеат четири години и објасни за што служат подземните катакомби до кои води тунел долг 30 метри.

„Тоа е наше место да се молиме“, рекла жената.

На прашањето зошто го ископале тунелот, жената одговорила дека немаат пари и не можат да го однесат материјалот за да изградат нешто.

“Како да бидеме верници, каде да се причестиме, да се крстиме, да се венчаме? Ова е нашиот живот. Овде сме околу четири години. Сами се грижиме за вода и леб, одгледуваме пченица”, рекла жената , пренесува Прототема.

Тие, исто така, наводно рекле дека не ги образувале децата затоа што не го поддржуваат грчкиот образовен систем, пишува Прототема.