Градот Скопје и „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, смета Муцунски

February 20, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски смета дека Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, за што говори и последното видео кое во текот на завчерашниот ден беше објавено во дел од медиумите, а на кое се гледа дека улични кучиња нападнаа домашен миленик. 

-Ние, како локална самоуправа во изминатиот период одвојуваме значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем. Во неколку наврати, од моја страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој целосно е во нивна надлежност, појаснува Муцунски. 

-Јас и понатаму стојам на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш. Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение, Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена.

Искрено жалам за сите непријатности со кои се соочуваат граѓаните и токму поради тоа уште еднаш барам Градот Скопје итно преземе мерки за соодветно решавање на овој проблем, кој за жал секојдневно ескалира, вели тој во објава на својот фејсбук профил. 

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија: Украина се подготвува да ја обвини Москва за „грубо кршење“ на нуклеарните обврски

Следно

Мобилниот телефон им го спасил животот – го фрлиле преку балконот додека заробени под урнатините чекале некој да им се јави (ВИДЕО)

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop