Ѓорѓиевски: Одржавме координативен состанок со општинскиот кризен штаб

January 11, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека денеска бил одржан координативен состанок со општинскиот кризен штаб на кој присуствуваа и претставници од МВР, ЦУК и Црвениот Крст.

Ѓорѓиевски притоа посочи дека биле поставени темелите на заедничко делување во услови на снежни наноси во зимскиот период.

– Покрај специјализираните возила за чистење, на располагање ќе биде ставен и целиот човечки потенцијал за навремено делување и овозможување целосно проодни улици, а дежурните тимови ќе бидат на располагање 24/7. Претходно, остваривме средба и со фирмата која е ангажирана за чистење на снегот, а големи количини на сол беше поделена по сите градинки, основни училишта и местни заедници. Граѓаните да бидат спокојни, снегот не може да биде изненадување во зима и движењето ќе биде целосно овозможено и непречено, информира Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Косовската Влада издвои 70.000 евра за објавување на книга на Вокер за Рачак

Следно

Разрешен првиот човек на францускиот фудбал, скандалот со Зидан му пресуди

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop