Разрешен првиот човек на францускиот фудбал, скандалот со Зидан му пресуди

January 11, 2023
1 min read

Претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Гре е разрешен од функцијата, одлучи извршниот комитет на федерацијата. Комитетот одлучи да го тргне Ле Гре барем додека не бидат објавени резултатите од ревизијата на федерацијата.

Филип Диало, кој досега ја извршуваше функцијата потпретседател, е назначен за в.д. претседател на федерацијата на Франција.

Ле Гре наиде на жестоки критики за неговите зборови кон Зинедин Зидан. Исто така кон него имаше обвинувања од страна на вработени во федерацијата за недолично однесување.

Ле Гре запрашан за Зинедин Зидан, кажа дека не би му кренал телефон дури и ако самиот го побара и му порача да си бара друг клуб. Веднаш реагираа големи истакнати имиња меѓу кои и Мбапе, а со реакција се јави и Реал Мадрид. Сето ова беше пресудно Ле Гре да добие привремен „отказ“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Одржавме координативен состанок со општинскиот кризен штаб

Следно

МНТ: Матичната куќа беше информирана за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева и веднаш стапи во контакт со семејството и ги превзема сите чекори за помош

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop