Горан Стефановски е автор во фокус на 58. издание на фестивалот „Војдан Чернорински“

December 1, 2023
2 mins read

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за 58. фестивал како свој Автор во фокус го именува Горан Стефановски. За македонската драма и театар, Горан Стефановски е еден од најзначајните автори, професори, театарски уметници што создава оригинални, авторски, комплексни драмски дела и чиј однос кон драмата и театарот е автентичен и уникатен. Во 1974 година, македонската драма и театар го сведочи можеби најпродорниот влез, највпечатливата премиера на еден драмски текст, поточно на една претстава, „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, продукција на Драмскиот театар – Скопје. Драмата и претставата ја почнуваат големата промена во македонскиот театар. Промена што ќе ја навести и постмодерната и сите нови „изми“ на модерната што е во тек. Реплики што се паметат и се повторуваат, силни и продорни зборови, моќни реченици и најкреативниот театарски контекст се наследството што ни го остави Горан Стефановски.

Затоа ни беше повеќе од важно оваа година да биде година на Горан Стефановски, за таа цел за време на фестивалот се планирани повеќе активности: портрет на Горан Стефановски, ФДУ за Горан Стефановски, работилници по пишување, разговори, промоции на книги.

Најпознатиот македонски драмски автор Горан Стефановски е роден во Битола на 27 април 1952 г. Почина во Кентербери, Англија на 27 ноември 2018 г. Заврши англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Студирал и драматургија во Белград. Магистрира на тема „Сценските напаствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“ (1979). Работи како драматург во драмската редакција на ТВ Скопје (1974-1978), како асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (1978-1986), со посебен акцент на Шекспир и англиската драма. Од 1986 до 1998 година е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Во 1990 година, во летниот семестар работи на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд, САД со

Фулбрајтова стипендија за истакнат уметник; во 1998-2000 г. е визитинг професор по драматургија на Драмскиот институт во Стокхолм, Шведска, а од 2000 година е хонорарен професор по драматургија на Универзитетот во Кент и на колеџот Крајстчерч во Кентербери, Велика Британија.

Драмски текстови: Јане Задрогаз (1974);  Диво месо (1979);  Лет во место (1981);  Хај-фај (1983);  Дупло дно (1984); Тетовирани души (1985);  Црна дупка (1987);  Лонг плеј (1988);  Кула вавилонска (1989); Травијата  (рок-опера, 1989); Зодијак (рок-балет, 1990);  Чернодрински се враќа дома (1991); I Love Chernodrinski (1991);  Сараево (изведба на промоцијата на Антверпен како европска културна престолнина, 1993),  Олд Ман Драгинг Стоне  (кореодрама, 1994); Казабалкан (1998); Еуралиен (сценарио за театарски проект во изведба на 50 актери и 13 режисери, порачано од „Интеркулт“, Стокхолм и изведено во склоп на Европската културна престолнина – Стокхолм, 1998); На пат за Багдад (изведен од денс-театарот „Гринкендл“ [Greencandle], Садлерс Велс, Лондон, 1999); Хотел Европа (концепт, сценарио и драматургија за европски театарски проект во режија на девет режисери од Источна Европа; копродукција на „Интеркулт“, Стокхолм и на  фестивалите во Виена, Болоња, Бон и Авињон, 2000), Everyman (2003).

Пишува  и сценарија за повеќе телевизиски драми: (Клинч, 1974; Томе од бензинската пумпа, 1978; Тумба, тумба, дивина, 1980) и серии  (Наши години, 1979; Бушава азбука,  1985). Автор е на драматуршкиот формат за ТВ-серијата за деца Наше маало  (продукција на SCC, САД, во соработка со Сезамовата работилница [Children`s Television Workshop], 1999-2001), како и на  сценаријата за два играни филма (Хај-фај, 1988 и Приказна од Дивиот Исток, 1994).

Награди: Награда „11 Октомври“ (1980); Стериина награда  за најдобар драмски текст (за драмите  Диво месо, 1980 и Црна дупка, 1988);  Награда „Стале Попов“ (1982); награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (за драмите  Хај-фај, 1983;  Дупло дно,  1985;  Тетовирани души, 1987; Кула вавилонска, 1990).

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), преку сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Мостар, Бања Лука, Суботица, Пирот, Титоград, Тузла, Цеље, Лесковац, Вараждин, Риека, Заечар, Зрењанин, Приштина, Осиек, Сомбор, Крагуевац, Вршац, итн.), сè до големите театарски центри во светот: Париз, Белград, Будимпешта, Лондон, Пазарџик, Софија, Варна, Загреб, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм итн.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возило удрило во млада мечка на локалниот пат Тетово – с. Непроштено – од ударот, три деца се здобиле со лесни повреди!

Следно

Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop