Го грабнале, му ја запалиле облеката и го силувале за долг од 150 евра

December 28, 2023
1 min read

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ моли по амбасади да ја убедат албанската опозиција да нема кандидат за претседател

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Големо невреме ја погоди Британија, торнадо откорна покриви од куќи во Манчестер

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop