Германија во знакот на најмасовните протести по намалување на субвенциите за дизелот

January 15, 2024
1 min read

Германските земјоделциги паркираа тракторите и камионите пред Брандербуршката порта. Поединечни протести кои од минатата недела се оддржуваат ширум земјата кулминираа денеска.

Илјади земјоделци се соберат во центарот на германската престолнина, не остапувајќи од барањето, владата да се откаже од плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. Под притисок на јавноста коалицијата на канцеларот Олаф Шолц попушти, порачувајќи дека ќе предлогот ќе претрпи промени.

Но, асоцијацијата на фармери останува на своите барања и инсистира на целосно повлекување на плановите на владата.

„Без стабилност во селата, без земјоделство, нашата земја нема иднина. Доста е. Индустријата е подготвена да разговара, но компромисот што го нуди федералната влада не е фер, туку е мрзлив. Нема да го прифатиме тоа.“ – изјави Јоаким Руквид претседател на Асоцијацијата на фармери на Германија.

Владејачката коалиција минатиот месец предложи планови за укинување на даночните ослободувања за земјоделските возила и даночните олеснувања за набавка на дизел. Тие планови се дел од пакетот за пополнување на буџетскиот дефицит од 17 милијарди евра за 2024 година. Пречекан со свирежи, германскиот министерот за финансии вели дека владата ја слушнале пораката на народот. Но, сепак побара сите да дадат придонес за подобрување на состојбата во земјата.

„Јасно е дека германското земјоделство мора да остане конкурентно. Не треба да има посебна жртва за земјоделството. Првично планираните намалувања се променети. Денес не можам да  ветам повеќе државна помош. Каматите пораснаа во последните години и го оптоварија буџетот. Земјата е во фаза кога повторно мораме да разговараме за она што не очекува.“ – изјави изјава Кристијан Линднер министер за финансии на Германија.

Земјоделските протести во европа се интензивираа минатата година. Француските земјоделци ги блокираа патиштата поради несогласување со европските земјоделски политики. По ова бранот на протести се прошири во неколку европски земји.

Послките земјоделци ги блокираа граничните премини со Украина, во обид да спречат влез на украински земјоделски производи. Земјоделски протести не ја одминаа ниту Холандија каде Илјадници протестираа против одлуката на владата да ги намали емисиите на азот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови цени на горивата од полноќ: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Следно

Јолевски нема да и се извини на Ристоска и ја тужи Комисијата за заштита од дискриминација

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop