Георгиевски во Аргумент плус: Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши

June 12, 2025
1 min read

Ѕвездан Георгиевски директорот на Фондацијата „Славко Јаневски“ во Аргумент плус рече дека одговорноста за одржување на контиунитет на наградата е огромна. Според него, и покрај сите предизвици добро е што и по 26 години постоење опстојуваат.

„Ова е 26 награда роман на годината. Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши. Беше напорно да се одржи, непрофитна е и сведена е на ентузијазам. Голема е наградата и беше голема за време на Утрински весник. Горд сум што го задржавме стандардот. Наградата остана важна и сите овие години сум инволвиран во наградата и знам дека и издавачите и писателите ја сакаат наградата. Досега немало сомнежи за маниупуалции и злоупотреби. Романите што се избрани за романи на годината се често преведувани и на други јазици. Сите романи се добро прифатени. Романот на Калина е најдобар роман оваа сезона. Жирито солидно си ја заврши работата“, рече Георгиевски .

Тој зборуваше и за изборот на роман на годината во 2025 година.

Романот ‘Светот што го избрав’ е роман за созревање и женскиот лик кој е главен е во зрели години. Кога ќе кажам роман за созревање луѓето мислат дека е тинејџерски но еден од квалитетите на овој роман е дека цело време растеме, созреваме или се губиме негде па се наоѓаме. Главната хериона ги препознава своите слаби точки,  знае како се однесува, како и оди со пријателства со љубов и слично и тоа е тој свет што таа го избира“, додаде Георгиевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Следно

Томовски за злоупотребите во Владата: Прв пример ни е Маричиќ, најголем потрошувач!

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop