Газдата на „Пуцко петрол“ на свадба во Истанбул, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите

June 2, 2025
1 min read

Откако медиумите објавија дека Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера бил забележан во Истанбул, Турција, каде што присуствувал на свадба, со реакција се јави владеечката партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Асмир Јахоски, кој го оштети буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор. Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција. Судиите избрани од ДУИ и СДС му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот, бидејќи тој даде милиони да гаранција дека нема да бега. Сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил? – прашуваат од партијата на власт.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги утре ќе одлучи каде ќе ја продолжи тренерската кариера

Следно

Зеленски во Вилнус: Русија е принудена на дипломатија, имаме вистинска шанса за мир

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop