Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

July 1, 2026
1 min read

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата.

Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката Група за соработка со Грузија, како и заменик генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи.

Претседателот Гаши се заблагодари на претседателот Папуашвили за гостопримството и оцени дека ова е можност заеднички да ги постават основите за продлабочување на натамошната соработка помеѓу двата парламенти, но и помеѓу двете држави.

Тој изрази задоволство што последниве години има поголема иницијативност за приближување на двете држави и ја поздрави одлуката за взаемно укинување на визите, што започна од септември 2021 година, што е значаен чекор за натамошно приближување на меѓусебните односи и зајакнување на соработката на сите полиња.

Претседателот Папуашвили изрази благодарност за поддршката што Грузија ја добива од нашата држава во однос на територијалниот интегритет и суверенитет. Тој потенцираше дека, за нас како мали држави, важно е мирот и стабилноста и регионално и глобално да се базираат на меѓународното право. Папуашвили се заблагодари за учеството на претседателот Гаши на состанокот на ПАБСЕК што се оджа во Грузија, со што се дава уште поголемо значење на регионалната соработка.

Во однос на парламентарната соработка, двајцата соговорници ја истакнаа важноста на соработката меѓу Групите за соработка, преку споделување искуства од парламентарното работење и примена на ефикасни искуства од различни области. Заеднички беше заклучокот дека ќе ги мотивираат Групите за соработка меѓу двете држави да ја зајакнат и интензивираат меѓусебната комуникација, но исто така оценија дека треба да поттикнат и соработка помеѓу парламентарните комисии.

Гаши се потпиша и во Книгата на почесни гости во Парламнетот на Грузија, каде порача дека преку парламентарната дипломатија треба да се градат мостови на пријателства.

Претходно тој положи свежо цвеке на Меморијалниот споменик на починатите херои за територијалниот интегритет на Грузија.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Следно

Се урна Цесна во Велика Британија: Двајца загинаа

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува
Go toTop