Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

November 28, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на политички договор. 

– Нормално, ќе се обидеме да ја смениме таа формулација. Ова е прашање на политички договор дали има политички сенс во моментов сите партии да го перципираат ова барање на Албанците со точен термин да се именува албанскиот јазик како што се нарекува – албански јазик, а не со кои било други резервни формулации поврзани со проценти, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Спикерот нагласи дека сите албански пратеници и партии имаат единствен став во однос на формулацијата како е формулиран албанскиот јазик во Уставот, а тоа е формулација која, како што рече, не почитува ниту еден Албанец.

Гаши потенцира дека во Собранието не дискутирале доколку Уставниот суд донесе одлука трите спорни члена од Законот за јазици да бидат вратени во законодавниот дом. 

– За тоа не сме разговарале, бидејќи тоа е работа на Уставниот суд. Мислам дека треба да почекаме и да видиме што ќе направи Уставниот суд и потоа во нова евентуална ситуација, но се надевам дека нема потреба од таква ситуација, но ако има тогаш ќе разговараме, рече Гаши. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Следно

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop