Г7: Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците за руската војна

February 25, 2024
2 mins read

Лидерите на Г7 на вчерашната средба со претседателот на Украина Володимир Зеленски изјавија дека украинската влада и нејзиниот народ можат да сметаат на поддршката на Г7 сè додека тоа е неопходно и оти ќе продолжат да ја зголемуваат „цената на руската војна“.

Како што се наведува во соопштението, објавено на денот кога се одбележуваа две години од почетокот на војната во Украина, тие се сретнаа со Зеленски за да ја потврдат нивната „непоколеблива поддршка за Украина“ и да ја поздрават „храброста и издржливоста на украинскиот народ кој неуморно се бори за слобода и демократска иднина на Украина“.

Тие исто така порачаа дека се убедени дека можат да обезбедат народот на Украина да победи во борбата за својата иднина и да помогне да се создаде сеопфатен, праведен и траен мир.

– Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците за руската војна, да ги деградираме изворите на приходи на Русија и да ги попречуваме нејзините напори да ја изгради својата воена машина, како што покажаа нашите неодамна одобрени пакети санкции, рекоа лидерите на Г7.

Тие додадоа дека се посветени на целосна примена и спроведување на санкциите против Русија и усвојување нови мерки по потреба.

Лидерите на Г7 рекоа дека, во тесна соработка со трети земји, продолжуваат да се спротивставуваат на сите обиди да се избегнат и заобиколат санкциите и мерките за контрола на извозот и предупредија дека ќе воведат дополнителни санкции за компании и поединци во трети земји кои и помагаат на Русија да набави оружје или клучни суровини за оружје, како и дека ќе воведе санкции „против оние кои ѝ помагаат на Русија да набави алатки и друга опрема што го помага производството на оружје или воено-индустрискиот развој на Русија“.

Тие, исто така, рекоа дека ќе продолжат да вршат „значителен притисок“ врз приходите на Русија од енергија и други производи и ќе преземат чекори за заострување на усогласеноста и спроведувањето на ограничувањата за цената на нафтата.

Лидерите на Г7 нагласија дека бараат од Украина да добие компензација за „загубите, повредите и штетите што се резултат на руската агресија“.

– Повторно потврдуваме дека, во согласност со нашите правни системи, рускиот суверен имот во нашите јурисдикции ќе остане недвижен додека Русија не ја плати штетата што и ја нанесе на Украина, изјавија лидерите на Г7.

Тие поачаа дека ќе ја засилат безбедносната помош за Киев и ќе го зголемат капацитетот за производство и испорака за да и помогнат на Украина, како и дека ќе и и помогнат да ги задоволи нејзините финансиски потреби.

Тие ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната и „целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од меѓународно признатата територија на Украина“, а сите земји да го почитуваат меѓународното право и „на никој начин да не ги потврдуваат или одобруваат обидите на Русија да стекне територија со сила. “.

Истовремено, тие оддадоа почит на „извонредната храброст на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални“ и порачаа дека заедно со сопругата, децата и најблиските ја повикале руската влада целосно да ги разјасни околностите на неговата смрт.

Тие, исто така, побараа од руската влада да ги ослободи сите „неправедно притворени затвореници“ и „да го запре прогонот на политичката опозиција и систематската репресија на правата и слободите на Русите“.

– Додека Украина влегува во третата година од оваа безмилосна војна, нејзината влада и нејзиниот народ можат да сметаат на поддршката на Г7 сè додека тоа е потребно, заклучија лидерите на Г7.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп победи и во Јужна Каролина на изборите за републикански претседателски кандидат

Следно

Во Тетово 21 санкција за возење под дејство на алкохол

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на
Go toTop