Трамп победи и во Јужна Каролина на изборите за републикански претседателски кандидат

February 25, 2024
1 min read

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември.

– Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. Само посакувам да направиме избори во партијата побрзо, рече синоќа Трамп.

Ривалката на Трамп, Хејли (52), која беше гувернерка на Јужна Каролина, му честиташе на Трамп и рече дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во три други сојузни држави – Невада, Њу Хемпшир и Ајова.

Нејзиниот предизборен тим соопшти дека планираат да потрошат повеќе од еден милион долари за реклами во 15 држави кои гласаат на 5 март, познат и како „супер вторник“, јави „Вашингтон пост“.

Нејзиниот тим планира денеска и утре да го посети Мичиген, по што ќе следат посети на најмалку шест други држави кои гласаат на 5 март.

– Мојата желба за номинација е поттикната од фактот што имате мнозинство Американци кои велат дека не ги сакаат ниту Трамп ниту Џозеф Бајден за претседател. Сè додека имате мнозинство Американци кои велат „ве молиме дајте ни шанса“, јас ќе продолжам да се борам, рече Хејли.

Сепак, изборниот штаб на Трамп ги отфрли континуираните напори на Хејли да остане во трката за номинација, велејќи дека „нејзината заблуда го поматува нејзиното расудување и оти таа не живее во реалниот свет“.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азербејџан објави дека Ерменија отворила оган врз воени позиции во Нахчиван

Следно

Г7: Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците за руската војна

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop