Фрчковски во Аргумент плус: Вториот француски предлог е најдобра опција за нашата држава

January 23, 2025
1 min read

Поранешниот министер за надворешни работи и професор Љубомир Фрчковски во Аргумент плус рече дека пред да се размислува за Уставни измени со одложено дејство, потребно е владата на ВМРО-ДПМНЕ да го разгледа вториот француски предлог кој според него е најдобрата опција која Македонија некогаш може да ја добие. 

„Не разбирам што значи поимот Уставни измени со одложено дејство, бидејќи доколку се донесат измените и Бугарија почне да поставува и други услови, Уставните измени можат да се вратат назад. Јас мислам дека од Владата го немаат прочитано вториот француски предлог кој е многу важен бидејќи има две важни ставки за нас а тоа е дека во иднина Бугарија  нема да поставува прашања за идентитот туку ќе прифатат да бидат малцинство во нашата држава и вториот е за принавање на јазикот како единствен без никакви додатоци“, рече Фрчковски и додаде дека барањата за нова преговарачка рамка во овој момент се непотребни.

Според него, очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ да добијат гаранции од земјите членки на ЕУ дека после Уставните измени Македонија ќе влезе во унијата, се невозможни бидејќи такво нешто не е предвидено во статутот на ЕУ.

„Европската унија има статут кој им овозможува на земјите членки да стават вето во било кое време за прашање кое го сметаат дека е важно. Мислам дека Бугарија нема да се повлече од овај процес и сметам дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се повлечат од СУ интеграциите и да се изолираат“, изјави Фрчковски и потенцираше дека процесот на изолација е инспирација од новите случувања во САД со кои новиот претседател Доналд Трамп сака да ја изолира Америка.

Тој објасни дека од новите ветувања на Трамп кои се однесуваат и на цела Европа, најмногу треба да не плаши тоа што регионот ќе остане без својот стратешки партнер.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Процесот на преднарачка за новиот модел T10F на Тогг ќе започне во април

Следно

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop