Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

January 23, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи во интервјуто за дневникот на МРТ, задоволен е како досега функционира Владата имајќи предвид, рече, што наследивме и со какви предизвици се соочивме.

-Секогаш може да биде подобро. Се трудам и јас со својата работа да ги инспирирам колегите во Владата и ќе продолжам во таа насока. Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било интервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука. Мислам дека тогаш многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата, изјави Мицскоски.

Она што е сигурно, потенцира тој, е дека од 1 јануари 2026 година ќе има една голема и посеопфатна структурална промена во рамки на структурата на ВМРО–ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи полека но сигурно потребно е дел од генерациите да се менуваат.

– Доколку ја добијам поддршката на делегатите, според Статутот на партијата после следниот конгрес, тоа е мојот последен мандат како претседател на ВМРО–ДПМНЕ и веќе следниот што ќе се случи после овој кон крајот на годината, ВМРО–ДПМНЕ ќе има нов претседател, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фрчковски во Аргумент плус: Вториот француски предлог е најдобра опција за нашата држава

Следно

Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји, што ќе значи сигурна иднина за македонските граѓани

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop