Процесот на преднарачка за новиот модел T10F на Тогг ќе започне во април

January 23, 2025
2 mins read

ДАВОС (АА)

– Нуран ЕРКУЛ / Емирхан ЈИЛМАЗ

Претседателот на Управниот одбор на Тогг, Фуат Тосјали, изјави дека ќе почнат на пазарот да го нудат моделот T10F од средината на оваа година и додаде: „Најверојатно ќе почнеме да собираме преднарачки за нашето ‘fastback’ возило од април-мај“, известува Анадолу.

Одговарајќи на прашањата на дописникот на АА во рамките на 55. состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) што се одржува во Давос, Швајцарија, Тосјали изјави дека доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД е водечка тема на речиси сите дискусии во Давос и додаде дека глобалното затоплување дефинитивно предничи во овогодинешните дискусии.

Тосјали објасни дека многу се разговарало и за новите енергетски политики на Америка во однос на чистата енергија и нагласи дека на самитот на дневен ред била и вештачката интелигенција.

Осврнувајќи се на процесот во врска со Тогг, Тосјали нагласи:

„Нашата продажба на европскиот пазар ќе започне паралелно со зголемувањето на производството на Тогг. Има голема побарувачка и од Европа, особено од нашите сограѓани што живеат во странство. Во моментов стигнавме до бројката од 50.000 корисници во Туркије. Наша цел е оваа година нашето производство да го зголемиме на 60.000. Со зголемувањето на нашето производство, почнуваме да се фокусираме кон странство, првенствено кон Европа…, бидејќи се подготвени сите наши хомологации и сѐ што е поврзано со Европа. На европскиот пазар ќе излеземе паралелно со зголемувањето на нашето производство. Мислам дека ќе привлече голем интерес кога ќе почнеме да го продаваме во Европа. Можно е да започнеме и со извоз во Европа кон крајот на оваа година.“

– „Од април-мај ќе започнеме да собираме преднарачки за T10F“

Информирајќи за процесот на T10F, дизајниран како „fastback“ на Тогг, Тосјали продолжи со зборовите:

„Производството на T10X продолжува. Ќе започнеме да го нудиме T10F во серијата ‘fastback’ на пазарот од средината на оваа година. Голема е веројатноста да почнеме со преднарачки за „fastback“ моделот од април-мај.“

Осврнувајќи се на уделот на пазарот на електричните возила во Туркије и конкурентноста од кинеските марки, Тосјали го истакна следното:

„Иако има голема конкуренција на пазарот на возила и секоја марка се обидува да влезе во Туркије, Тогг е во убедливо водство на пазарот на електрични возила според бројките објавени заклучно со крајот на 2024 година. Всушност, продаваме повеќе од 4-5 брендови севкупно што нудат возила на нашиот пазар. Ќе продолжиме да бидеме лидер и оваа година со голема разлика затоа што возилото што го произведуваме е целосно во согласност со барањата на нашите луѓе, има карактеристики со повисоки стандарди, а моделите што ќе ги произведуваме во иднина се изработени со собирање на стотици илјадници податоци.

Со други зборови, ние не носиме модел развиен во еден дел од светот за да го нудиме во нашата земја. Ние произведуваме модели кои произлегуваат од барања кои се целосно во согласност со нашата сопствена природа. Затоа наша цел е да го задржиме нашето лидерство со голема предност во овој поглед. Познат е бројот на возила што се продаваат годишно во Туркије. Кога Тогг беше преземен од првиот корисник во Туркије, корисникот немаше искуство со електрични возила и во нашата земја немаше искуство во производство на електрични возила. И покрај тоа, на пазарот влеговме со голем успех. Гледам дека оваа преференцијална стапка ќе се зголеми уште повеќе во наредниот период“.

– Карактеристики на T10F

Моделот T10F на Тогг, како и T10X, беше дизајниран како возило кое го става својот корисник во центарот, постојано е поврзан на интернет со решенија за паметен живот и постојано се развива и останува нов со далечински ажурирања.

T10F на пазарот ќе биде претставен во три различни технички верзии и две различни карактеристики на опременост: стандарден опсег RWD (погон на задните тркала), долг дострел RWD и двоен мотор. Со производство на 160 kW/218 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, T10F RWD со две различни опции за батерии ќе има опсег од 350+ и 600 километри.

Верзијата на возилото со два мотора AWD (погон на четири тркала), која произведува вртежен момент од 700 њутн метри (nm), има за цел да понуди опсег до 530 километри. Батерија на моделот со стандарден домет има капацитет од 52,4 kWh, а капацитетот на батеријата на моделот со долг домет изнесува 88,5 kWh.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал е клуб со најголема заработка минатата сезона

Следно

Фрчковски во Аргумент плус: Вториот француски предлог е најдобра опција за нашата држава

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop