Фрчковски во Аргумент плус: Полицијата имала обврска да ја провери употребата на пиротехника

March 21, 2025
1 min read

Професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во Аргумент плус рече дека одговорни за внесувањето и употребата на пиротехниката во дискотеката во Кочани се полицајците.

Според него, тие требало да го конторлираат тој цел процес на употреба и давање дозвола за користење во затворен простор.

Одговорноста е директно поврзана со случајот и околу нас се одговорните лица кои дозволиле тие пиротехнички средства да се запалат, морало да се даде дозвола за употреба. Тука е одговорна полицијата. Тие имаат должност да дознаат бидејќи настанот е од таков тип и треба да има анализа на настанот. Полицијата тоа секогаш го прави. Да претпоставиме дека дискотеката имала легална лиценца и повторно не смее да се запали внатре и повторно можело да настане трагедија и со легална лиценца. Тука е одговорно МВР. Тие треба да влезат и да забранат употреба на било што.  Независно кој ги донел матријалите, може да се купени или донесени, МВР е задолжено да го блокира тоа и да види дали има злоупореба внатре, дозволата е страничен доказ дека местото не е океј. Нема кривична пријава за тоа. На пресот на Јавниот обвинител има за се друго но нема за злоупотребата и не давањето дозвола за пиротхнички материјал. За тоа е одговорно министерството“, рече Фрчковски.

Тој објасни и дека оваа ситуација ќе биде залепена на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа ситуација трагедијата ќе биде залепена на оваа влада и тие мислат дека со ова хистерично удирање насекаде ќе ја тргне одговорноста но ќе биде залепено за нив. Не може вината да ја префрлат на друг. Смешни се овие слики дека премиерот е Св Ѓорѓија кој ја убива аждајата односно корупцијата“, додаде Фрчковски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије ги засилува дипломатските напори за прекин на огнот во Газа

Следно

Костадинов: Локализиран пожарот на струмичка страна, нема веќе опасност за куќите во Баница

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop