Костадинов: Локализиран пожарот на струмичка страна, нема веќе опасност за куќите во Баница

March 21, 2025
1 min read

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи сподели информација дека е локализиран пожарот кој од попладнево гори во Струмица.

„Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница“ рече Костадинов.

Градоначалникот се заблагодари до екипата на ТППЕ и до сите струмички пожарникари кои се вклучија во гасењето.

„Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“ порача Костадинов.

Пожарот во Струмица го зафати реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница, кој брзо се проширил поради силниот ветер.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фрчковски во Аргумент плус: Полицијата имала обврска да ја провери употребата на пиротехника

Следно

ВИДЕО: Голем пожар кај Струмица, испратени пожарникари

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop