Францускиот врховен суд ја потврди забраната на носење хиџаб на натпревари

June 30, 2023
1 min read

Врховниот административен суд на Франција денеска потврди дека Француската фудбалска федерација (ФФФ) има право да забрани носење хиџаб на натпревари, и покрај тоа што мерката го ограничува правото на слободно изразување.

Фудбалската кампања „Les Hijabeuses“, на фудбалерки што носат хиџаб, поведоа јавна кампања против мерката на Федерацијата, но судот го потврди правото за секуларизам во Франција, кое е воведено во далечната 1905 година. ФФФ забранува носење на религозни симболи на официјални натпревари и на натпреварувања кои тие ги организираат, додека ФИФА дозволува фудбалерките да носат хиџаб.

„Со ова се потврдуваат републиканските и граѓанските вредности на фудбалот, со целосна посветеност на борба против дискриминацијата“, велат од ФФФ.

Федерацијата доби поддршка и од министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманан.

„Не носите религиозна облека кога спортувате. Кога играте фудбал, нема потреба да ја знаете религијата на човекот пред вас“, изјави Дарманан.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Неочекуван пресврт: Брозовиќ останува без 100 милиони евра!?

Следно

Ќамил Ковачи нов в.д директор на ЈП Улици и патишта 30.6.2023

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop