(ФОТО+ВИДЕО) Учесниците на Парадата на гордоста се собираат во паркот „Жена борец“ во Скопје

June 24, 2023
1 min read

Ова е четврта Парада на гордоста, по првата во 2019 година. По поздравните говори во паркот „Жена борец“, учесниците од 19 часот ќе продолжат на протестен марш низ Скопје, а настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк

Паркот „Жена борец“ е почетна точка на учесниците на годинешната Парада на Гордоста, која денеска под мотото „Гласни и горди“ се одржува во Скопје.

Учесниците веќе се собираат во паркот спроти парламентот, додека на местото има силно полициско обезбедување, а на места и метални огради околу паркот.

Организатор на Парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Според најавите, официјалниот дел од настанот ќе започне со поздравни говори во паркот, а предвиден е и протестен марш кој од 19 часот ќе започне по скопските улици.

Маршрутата за Парадата е следна: од паркот „Жена-борец“, по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд – улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ до крстосницата пред мостот „Гоце Делчев“ – булевар „Илинденска“ покрај Влада – улица Ленинова покрај арена „Тоше Проески“, а крајна дестинација е стадионoт на АРМ, објавија организаторите.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк, која ќе се одвива од 20:30 до 01:00 часот.

Поради безбедносни аспекти, организаторите апелираат заминувањето од Прајдот да е во групи од по неколку луѓе и без видливи обележја како симболи или знамиња.

Инаку, ова е четвртата Парада на гордоста, по првата во 2019 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кремљ демантира дека Путин ја напуштил Москва

Следно

(ПРЕГЛЕД) Што се случува во Русија

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop