Кремљ демантира дека Путин ја напуштил Москва

June 24, 2023
1 min read

Претходно неколку канали на Телеграм и на Твитер објавуваа дека Путин наводно ја напуштил Москва во една од неговите резиденции во друг регион, но оваа информација не е потврдена од независен и кредибилен извор

Путин работи во Кремљ. Ова е насловот на веста на државната руска агенција РИА новости, по серијата непотврдени информации дека авионот на Владимир Путин полетал на север и се изгубил од радарот, додека во земјата руската армија се соочува со вооружен бунт на борците од приватната војска „Вагнер“ на Евгениј Пригожин.

Претседателот работи во Кремљ, изјавил за РИА, Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.

Претходно неколку канали на Телеграм и на Твитер објавуваа дека Путин наводно ја напуштил Москва во една од неговите резиденции во друг регион, но оваа информација не е потврдена од независен извор.

Западни медиуми јавуваат дека борците на Пригожин го контролираат Ростов на Дон, град со повеќе од еден милион жители во близина на границата со Украина и брзо напредуваат низ западна Русија.

Репортер на Ројтерс видел воени хеликоптери како отвораат оган врз вооружениот конвој „Вагнер“, кој напредувал покрај градот Воронеж со транспортери и со најмалку еден тенк на камион со рамна платформа.

Пригожин, чија приватна војска ги водеше најкрвавите битки во Украина, со месеци се караше со руското воено раководство.

Во Москва е зголемена безбедноста на улиците. Црвениот плоштад е блокиран со метални бариери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган разговараше со Путин за случувањата во Русија

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Учесниците на Парадата на гордоста се собираат во паркот „Жена борец“ во Скопје

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop