(ФОТО+ВИДЕО) Три нуркачки тима на „Тигрите“ трагаат по исчезнатиот маж во езерото кај браната „Глажња“

July 31, 2023
1 min read

Станува збор за 30-годишен маж, со иницијали Ф.Р. од селото Никуштак, кој вчера влегол во водите на езерото кај браната „Глажња“ во Липково и не излегол оттаму

Три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на Министерството за внатрешни работи го пребаруваат вештачкото езеро кај браната „Глажња“ во потрага по мажот кој вчера исчезна во водите на езерото.

Нуркачки тим на САЕ „Тигар“ на МВР / Фото: ЦУК

Информацијата ја соопштија од Центарот за управување со кризи, од каде претходно утрово соопштија дека потрага по исчезнатиот продолжува и денеска.

Станува збор за 30-годишен маж, со иницијали Ф.Р. од селото Никуштак, кој вчера влегол во водите на езерото кај браната „Глажња“ во Липково и не излегол оттаму, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

Нуркачките тимови се подготвуваат за потрагата по исчезнатиот маж кај браната „Глања“/ Фото: ЦУК

Исчезнувањето на лицето во водите на езерото во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било пријавено вчера околу 13:50 часот, по што случајот бил пријавен во и во Секторото за внатрешни работи Куманово. За физичко обезбедување на местото биле ангажирани полициски службеници од полициската станица „Матејче“, а преку кумановската полиција вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.

Нуркачките тимови во подготовка на брегот на езерото кај браната „Глажња„ / Фото: ЦУК

Од Центарот за управување со кризи денеска споделија и видео-снимка од потрагата на полициските специјалци кое можете да го погледнете во продолжение:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

Следно

Во руски напад на украинскиот град Кривиј Риг загинаа две лица, 31 се повредени

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop