Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

July 31, 2023
2 mins read

Заради законите за декриминализација полицијата не им може нешто посебно на наркоманите, а дури и оние кои има право да ги препрати на лечење, завршуваат на список за чекање кое веќе трае повеќе од една година.

Зачестената појава на дрогирање сред населби или шприцови и останата опрема расфрлани пред основни школи, направи градоначалници и други функционери да почнат да притискаат „дали е време државата повторно да го размисли својот глобално пофален модел за справување со дроги?“

„Денес во Португалија е забрането да пушиш тутун пред школи или болници. Забрането е таму да рекламираш сладолед и бонбони. А сепак дозволено е луѓето да бидат таму и да се дрогираат. Ние го нормализиравме тоа,“ изјавил градоначалникот на Порто, Руи Мореира.

Според полицијата „урбаната видливост на проблемот со дрогата“ сега е на најлошата точка во изминатите децении, а невладините организации кои ја преземаа улогата од државата за справување со лицата со зависност „сега изгледаат помалку загрижени со третирање на зависниците, отколку со повторување дека доживотното користење дрога треба да биде човеково право.“

Неодамна објавени резултати од национална анкета покажале дека процентот на возрасни кои користат дроги во 2022 пораснал на 12,8%, во споредба со 7,8% во 2001, бројка која сепак е пониска од европскиот просек. Португалија бележи раст и во други категории како највисока стапка на случаи на предозирање, Лисабон е во врвот во Европа по присуство на кокаин и кетамини во фекалните води, а криминалот во земјата пораснал за 14% од 2021 до 2022, за што полицијата делумно го обвинува користењето на дроги.

Со законите од 2001-ва во Португалија е дозволено користење и поседување на 10-дневна залиха на речиси сите наркотици. Технички, користењето дроги во земјата е противзаконско, меѓутоа наместо казна, луѓето се регистрираат од полицијата и се препраќаат пред „комисија за разубедување“. За најпроблематичните случаи, властите можат да наметнат парични казни и препорака за терапија. Одлуката да се присуствува е доброволна.

Вашингтон пост пишува дека копирањето на португалскиот модел во Орегон, само годинава довело до 46-процентен раст на предозирањата во Портланд. Во исто време Амстердам, кој стана синоним за дување, минатиот месец воведе нова забрана за пушење марихуана во јавност, додека во Норвешка копија на португалскиот план за декриминализација целосно пропадна во 2021.

„Кога првично ќе ја повлечеш полицијата, нема многу луѓе кои се обидуваат да ја преминат линијата што е избришана. И јавноста мисли дека работите одлично се одвиваат.

По некое време почнува да се шири информацијата дека сè е отворено, дека казните се ограничени, и почнуваш да привлекуваш повеќе наркомани. Тогаш почнуваш да добиваш постабилна нарко култура, и искрено, тоа веќе не изгледа убаво,“ објаснува поранешниот виш советник на Обама за дроги и професор по психијатрија на Стенфорд, Кит Хамфрис.

Луѓе кои живеат во близина на безбедните центри за користење дрога во Порто, се жалат дека од пандемијата има инвазија на наркомани, кои ако првично си оделе, сега направиле своја фиксна локација во близина на едно основно училиште. Тамошните локалци се жалат дека им е зголемен бројот на кражби по домовите, и дека наоѓаат зависници како се дрогираат пред нивните влезни врати.

Тоа што сега се бара, вклучително и од градоначалникот на Порто, е делумна ре-криминализација на дрогите во урбаните средини, пример во близина на школи и болници.

Контра аргументот на оние кои и понатаму се за декриминализација е дека затворската казна е далеку поштетна за општеството отколку укинувањето на казните. Тие потсетуваат и дека државата ги има значително намалено средствата за лекување на зависниците, па ако во 2015 имало 1.150 лица кои се лекувале, во 2021 имало само 352.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Вчерашниот беше моќен ден за украинската војска на фронтот

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Три нуркачки тима на „Тигрите“ трагаат по исчезнатиот маж во езерото кај браната „Глажња“

Latest from Blog

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во финална фаза на изградба

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија. Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет
Go toTop