(ФОТО+ВИДЕО) Силен ветер, дожд и град со големина на јајце во делови од Србија – оштетени возила, фасади, кровови

July 22, 2023
1 min read

Невремето ги зафати Краљево, Ниш, Чачак, Лесковац, а предупредување за бура е издадено и за други градови. Оштетени се фасади на куќи, покриви на автомобили, а искршени се и стакла и клима-уреди. Граѓани пријавуваат штети на крововите на куќите, а има и откорнати дрвја на улиците

Огромно невреме проследено со дожд, силен ветер и град попладнево зафати голем дел од Србија. Во делови од земјата паѓаше град со големина на јајце и предизвика големи штети, објави Српската радио-телевизија (РТС).

Невремето ги зафати Краљево, Ниш, Чачак, Лесковац, а предупредување за бура е издадено и за други градови.

Краткотрајната бура, која во просек траела околу дваесетина минути, предизвика големи штети.

Градот со големина на орев во Краљево оштетил фасади на куќи, покриви на автомобили, а искршени се и стакла и клима-уреди. Мештаните пријавуваат штети на крововите на куќите, а има и откорнати дрва на улиците.

Во приградските населби и села во околината на Краљево и Чачак се уништени земјоделски култури.

Во населбата Угљарево во Општина Трстеник паѓаше град со големина на јајце.

По 20 часот вечерва, во Србија доаѓа ново невреме кое се движи од Хрватска и БиХ, пишува РТС. Во Бачка, Срем и западна Србија се очекуваат интензивни врнежи проследени со грмотевици и град.

Србија и вчера беше погодена од силно невреме кое одзеде три животи.

Во Нови Сад загина дете, а жена почина во пожар откако гром удрил во дрво покрај нејзината куќа. Загина и маж од Бачка Паланка кој се обидувал да ги тргне струјните кабли кои паднале на капијата на неговата куќа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи и Бектеши го осудија „палењето на возилото и обидот за напад врз Груби”

Следно

Донарума: Бев врзан и не можев ништо да сторам, Алисија сè уште е многу исплашена

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop