(ФОТО) Ултиматум до властите и најава за нов протест следната недела – заврши двочасовниот собир против случувањата на Онкологија

September 4, 2023
2 mins read

Овде нема партија, овде може да биде секоја наша мајка, татко, роднина, на било кој од нас може да му се случи. За една недела повторно ќе се собереме на истото место, беше пораката со која заврши денешниот протест на кој беше видно дека во првите редови беа активисти и членови на Левица

Со поставен ултиматум до властите за една недела да излезат со правда за случувањата на Онкологија заврши протестот пред Oбвинителството кој беше организиран поради последните случувања на Клиниката за онкологија, каде што медиумите открија дека се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, а на дел од пациентите наместо вистински лекарства им се давал и физиолошки раствор.

„Да не се става политичка конотација на овој протест затоа што ако тоа се направи, ова ќе пропадне. Без разлика на етничка или партиска припадност ги повикувам сите граѓани да излезат на протестот. Овде нема партија, овде може да биде секоја наша мајка, татко, роднина, на било кој од нас може да му се случи. За една недела повторно ќе се собереме на истото место“,

беше последната порака која младиот Илија ја упати пред присутните демонстранти пред Обвинителството.

По ова насобраните граѓани се разотидоа, а на платото пред Обвинителството остана испишаното со црвена боја „соучесници“, како и отпечатоци од црвените дланки кои беа оставени, а кои ќе сведочат за денешниот протест. Сведоци на ова ќе бидат и прозорците на кои може да се видат траги од скршени јајца кои демонстрантите ги фрлаа кон зградата на Обвинителството.

Двочасовниот протест почна во 18 часот пред зградата на Владата, каде што демонстрантите со транспаренти, свирежи и извикувања бараа правда за жртвите на Онкологија.

Меѓу пораките испишани на транспарентите, пак, можеше да се прочита: „Ова ви е последна доза“, „Колку вреди човечкиот живот“, „Физиолошки раствор и за монструмите што ја продавале терапијата! Физиолошки раствор и за здравствениот систем што сите нè убива! Физиолошки, бидејќи нема лек!“, „Кога неправдата станува закон отпорот станува должност“, „Немам врски, немам лек“, „Психопати во бели мантили“…

По обраќањата кои пред Владата ги имаа дел од присутните, а во кои ги искажаа своите или искуствата од блиски членови на семејствата кои ги имале на Клиниката за онкологија, на „Илинденска“ со црвена боја се испиша „убијци“, а потоа еден бел мантил беше намачкан со црвена боја и оставен со натпис „ова не се пере“.

По едноминутното молчење за починатите пациенти на Онкологија, дел од демонстрантите и тука (кон владината зграда) фрлаа јајца.

Колоната демонстранти, со свирежи и извикувања, продолжи да се движи преку мостот „Гоце Делчев“ и плоштадот „Филип Втори“, кон зградата на Обвинителството, каде што беа пречекани од полициски кордон кој не дозволи граѓаните да се доближат до зградата.

Додека пред владината зграда можеа да се забележат членови и активисти на Левица, пред Обвинителството во првиот ред се појави и партискиот лидер Димитар Апасиев.

Повеќе за денешниот протест и за сето она што се случуваше може да прочитате во нашите претходни извештаи:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ликовни изложби, театарски претстави и богати фестивалски денови во штипскиот Центар за култура ,,Ацо Шопов” во септември

Следно

Дејан Станковиќ најде нов ангажман како тренер

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop