Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026
1 min read

Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики.

Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури дел на коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба.

Понатаму, граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти кои што знаат дека нема иднина во земјата со оваа власт, пензионери кои што знаат и сфатија дека се излажени и дека нема достоинствен пензионерски живот со оваа власт овде во земјата.

Ги повикуваме заеднички во фронтот да се бориме против оваа криминална власт која што го пљачка и последниот денар од буџетот, додека тие уживаат и се богатат на сметка на граѓаните, против оваа криминална власт која што земјата ја држи во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите и против оваа криминална власт која што работи за туѓи интереси пред сè српски и руски интереси, сакајќи да останеме изолирани и слепо црево на Балканот. Тоа нема да им помине.

Затоа што Македонија повторно ќе биде на исправниот, на правиот пат кон Европа повторно ќе биде демократска, ќе биде слободна и повторно, тука младите ќе ја гледаат иднината.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Празнична атмосфера во Костомар: Тоневски со честитка за Духовден

Следно

Русија ја обвинува Украина за напад врз нуклеарната централа, Киев одговори

Latest from Blog

Проданоски: Вечерва започнува 23. Пиво Фестивал – Прилеп ги отвора вратите за посетителите

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата. Според него, Општина

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија отиде во банкрот!

Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време

Пред концертот во Скопје, Или Лимани со Меџити го посети Универзитетот „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со познатиот албански музички уметник Или Лимани, го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде одблиску ја проследија изградбата на универзитетскиот кампус. Меџити истакна дека

По екстремните горештини, силно невреме однесе два животи во Франција

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме ја зафати Франција во текот на ноќта, по долг период на екстремно високи температури, додека околу 53.000 домаќинства во петокот останаа без електрична енергија, јавија
Go toTop