Фидан: Туркије наскоро повторно ќе го отвори конзулатот во источна Либија

February 6, 2024
1 min read

ВАЛЕТА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, истакна дека неговата земја наскоро повторно ќе го отвори својот Генерален конзулат во Бенгази, источна Либија, јавува Анадолу.

„Туркије не сака никаков обновен конфликт во Либија“, рече Хакан Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот малтешки колега Иан Борг во Премиерската палата во Валета, главниот град на Малта.

„Сакаме Либија да ги реши своите проблеми преку дијалог. Исто така, не сакаме сегашната постојна поделба меѓу истокот и западот да стане постојана“, истакна Фидан.

„Односите на Туркије со источната страна се подобруваат. Заедничката работа со актерите во регионот е во тек“, нагласи тој.

Според него, турските компании во регионот исто така продолжиле со работа.

Шефот на турската дипломатија рече дека Туркије продолжува со заедничките напори со Египет, Обединетите Арапски Емирати и други пријателски регионални земји да игра конструктивна улога за либиското прашање.

Фидан истакна дека е предвидено да ја посети Либија по неговата посета на Малта за да се сретне со либиски претставници на високо ниво.

Исто така, турскиот министер нагласи дека на средбите ќе ја повтори конструктивната политика на Туркије за решавање на проблемот.

Либија е растргната од граѓанска војна по соборувањето на долгогодишниот владетел Моамер Гадафи во 2011 година, кој подоцна почина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска уништи 2 згради на Универзитетот Ал-Акса во Газа

Следно

ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик за избор на кандидат за претседател државата

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop