Фајнанс тинк: Растот во првиот квартал со слична динамика како и лани, нема место за еуфорија

June 5, 2025
1 min read

 Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк денеска оцени дека динамиката на растот на БДП во првиот квартал  се очекува да продолжи во текот на годинава, но укажува дека ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи. 

– Во првиот квартал од 2025, БДП се зголеми за  три проценти на годишна основа, задржувајќи ја динамиката од претходната година. Остварувањето е во линија со нашите очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор и проекцијата од 3.5 проценти за целата 2025 година. Растот во личната потрошувачка (2.1 процент) е одраз на позитивниот реален раст на платите, растот на пензиите и на забрзаниот раст на кредитната поддршка на домаќинствата, додека растот на јавната потрошувачка (1.1 процент) забави по интензивирањето во текот на 2024. Вкупниот раст на БДП е воден и од растот на бруто инвестициите (18 проценти), но овој раст останува високо варијабилен. Додека, извозот (1.2 проценти) и увозот (5.8 проценти) продолжија да ги рефлектираат неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент. На производната страна, растот во овој квартал е на поширока основа од претходно, со солидни остварувања кај преработувачката индустрија (3.7 проценти) и градежништвото (7.1 процент), но за сметка на благо забавување на растот на услугите (2.2 проценти), наведува Фајнанс тинк во денеска објавениот Макроекономски монитор

Како што дополнува, невработеноста во првиот квартал од 2025 понатамошно благо се намали на 11.7 проценти (од 11.9 проценти). Во овој квартал, посочува Институтот, продолжува постепеното намалување на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу две илјади нови работни места, а активноста на населението се задржа (52.4 проценти).

Сепак, загрижувачка е големата загуба на работни места во преработувачката индустрија (скоро 14 илјади), додека најмногу работни места се креирани во земјоделството, трговијата, јавната управа и образованието, укажува Фајнанс тинк. 

Во првиот квартал од 2025, инфлацијата се задржа на 4.2 проценти на годишна основа, слично како и во претходниот квартал (4.1 процент). Опстојувањето на инфлацијата, оценува, е сврзано со структурата на дел од пазарите за храна, но и со сé уште присутните пренесени ефекти врз останатите компоненти на индексот на трошоците на живот (раст на базичната инфлација од 5.5 проценти), а резултат на солидниот раст на реалните доходи. Овие ризици налагаат потреба од понатамошна претпазливост.

– Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи во текот на 2025 година. Ризик за растот остануваат неизвесностите кои произлегуваат од глобалните трговски односи. Finance Think останува на проекцијата за раст на БДП во 2025 од 3.5 проценти, како и за цените од 3.1 проценти, стои во информацијата на Фајнанс тинк.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италијанското езеро Гарда и градот Сирмионе привлекуваат туристи со својата живописна убавина

Следно

Високи цени, ниска побарувачка  – малку купувачи на курбан во Тетово

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop