Европскиот совет и Парламент постигнаа договор за буџетот на ЕУ за 2024 година 

November 11, 2023
1 min read

реклама


Советот на ЕУ и Европскиот парламент денеска во раните утрински часови постигнаа договор за буџетот на Унијата за 2024 година, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што соопшти Европскиот совет, Буџетот за следната година силно се фокусира на главните политички приоритети на ЕУ и е базиран на актуелниот тежок геополитички контекст. 

реклама

Вкупните обврски утврдени со Буџетот за 2024 година изнесуваат 189 милијарди и 385,4 милиони евра, додека предвидените исплати се во вкупна вредност од 142 милијарди и 630,3 милиони евра. 

Обврските се дефинирани како законски обврзувачки ветувања за трошење средства за активности кои се спроведуваат во текот на неколку години, додека исплатите ги покриваат трошоците кои произлегуваат од обврските преземени во текот на тековната или претходните години. 

реклама

Дополнително со Буџетот се предвидува на располагање да стојат 360 милиони евра, кои Унијата би ги користела за непредвидени потреби. 

По постигнувањето на договорот државната секретарка во шпанското Министерство за финансии и главен преговарач на Европскиот совет за буџетот на ЕУ за 2024 година, Есперанца Самблас Кинтана, изрази задоволство од компромисот. 

реклама

– Тоа ќе ни даде средства да се фокусираме на приоритетните области на ЕУ, истовремено задржувајќи доволно финансиска слобода за да одговориме на непредвидени околности, нагласи Самблас Кинтана. 

Според неа, вака договорениот буџет обезбедува реален пристап, имајќи ги предвид актуелниот економски и геополитички контекст, интересите на даночните обврзници и потребата на ЕУ да се грижиме за новите предизвици што може да се појават во 2024 година. 

Согласно процедурата на ЕУ, Европарламентот и Европскиот совет сега имаат рок од 14 дена официјално да го одобрат постигнатиот договор.  

Според најавите, се очекува Советот на ЕУ да го одобри усогласениот Буџет на Унијата за 2024 година на 20 ноември. Годишните буџети на ЕУ во Европскиот совет се усвојуваат со квалификувано мнозинство на гласови. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ

Следно

Ал Каила: „По ѓаволите со меѓународната заедница која не може да ја запре машинеријата што убива болни и ранети“

Latest from Blog

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон
Go toTop