До кога останува нејасно, зашто Приштина дозволи одреден период на прилагодување, откако Централната банка на Косово го прогласи еврото за единствена валута во земјата. За косовските Срби новата уредба има само една цел – да ја прекине нивната врска со Белград и софистицин метод за егзодус на Србите.

-Ова е присилно иселување. Едноставно не тераат да си заминеме од овде. И нема да заминам само јас, ќе си замине цело мое семејство. , вели жител на Грачаница.

-Јас веќе се подготвив од поодамна. Кога веќе живеам овде, знам дека се полека исчезнува. , вели жителка на Грачаница.

Проценките се дека погодени ќе бидат околу 100 илјади косовски Срби, кои добиваат плати, пензии и социјална помош од буџетот на Србија. Српскиот претседател Вучиќ во обраќање до јавноста обвини дека зад одлуката на Косовската централна банка се крие обид за етничко чистење на северот.

-Суштински тоа е одлука на Албин Курти да се укине динарот и со досега најсилен удар да се закани со прогон на Србите и со протерување на Србите од вековните огништа. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Во транзицискиот период се очекува централните банки на двете земји да договарат модел за иднинте трансакции. Приштина засега ги отфрла апелите на меѓународната заедница да го пролонгира рокот за да не се создаваат дополнителни тензии.

-Прописите на Централната банка не кажуваат дали динарот или другите валути можат да продолжат да се користат. Централната банка ја регулира валутата на Република Косово, а валутата на Република Косово е еврото. , изјави Бесник Бислими, вицепремеир на Косово.

-Не знам како да се избегне фрустрацијата на граѓаните од спроведувањето на одлуката. Да земеме пример на еден пензионер кој прима парична помош. Toj e навикнат е на овој систем. , изјави Џефри Ховениер Амбасадор на САД во Косово

Новата регулатива, според Приштина, има цел да обезбеди финансиска стабилност и го сузбие перењето пари и фалсификувањето на готовина.