Ердоган: Важно е сите фази од прекинот на огнот во Газа да бидат целосно имплементирани

January 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Сите фази од договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас треба целосно да се имплементираат, а во енклавата мора да се доставува непречена хуманитарна помош, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција во Анкара со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој престојува во посета на земјата, јавува Анадолу.

Во врска со прекинот на огнот, кој се состои од три фази, чија прва фаза стапи на сила вчера, Ердоган рече дека меѓународната заедница мора да осигура Израел да ги исполни своите одговорности.

Хамас ослободи тројца израелски заложници, додека Израел вчера ослободи 90 палестински затвореници.

„Туркије е посветена кон формирање независна, суверена палестинска држава, заснована на границите од 1967 година, со Источен Кудс (Источен Ерусалим) како главен град“, додаде Ердоган.

Тој рече дека ја истакнал и важноста од укинувањето на меѓународните санкции за Сирија со цел да се започне со процесот на обнова.

Од своја страна, словачкиот премиер Роберт Фицо изрази надеж дека аспирациите на Туркије за полноправно членство во Европската Унија (ЕУ) ќе се остварат што е можно поскоро, потврдувајќи ја целосната поддршка на неговата земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмладата ослободена палестинска затвореничка: Затворот многу ме смени

Следно

Денеска охриѓани го одбележаа денот на рибарите

Latest from Blog

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата

Од нуклеарна енергија до кинематографија: ПУТИН И СИ ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Двете страни усвоија 20 документи, од кои некои беа потпишани од лидерите на двете земји, пренесува агенцијата РИА Новости и додава дека, конкретно, Путин и Си објавиле заедничка изјава за понатамошно зајакнување
Go toTop