Денеска охриѓани го одбележаа денот на рибарите

January 20, 2025
1 min read

Со денот на рибарите денеска продолжија богојавленските чествувања и празникот Собор на Свети Јован Крстител во Охрид. Според традицијата денеска се капат рибарите во Охридското Езеро, а со овој ден порано се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболовот.

Но, поради забраната за изловување риба, празникот охриѓани денеска го одбележаа со староградска музика, топла ракија, по некоја охридска плашица, а среќниот фаќач на крстот и неговата тајфа се капеа во осветените води кај Сараиште.Старите охриѓани пак се присетуваа на минатите времиња.

Освен охриѓани, на денешната манифестација имаше гости од земјава но и од странство кои изразија воодушевување за традицијата која секоја година достојно се продолжува во Охрид.

Според кажувањата на старите жители на градот, на овој ден рибарите и за да ја покажат својата приврзаност кон езерото.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Важно е сите фази од прекинот на огнот во Газа да бидат целосно имплементирани

Следно

Како функционира примирјето на Блискиот исток?

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop