Ердоган: Туркије ќе продолжи да ја разоткрива реалната состојба во Газа

January 29, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес порача дека Анкара ќе продолжи да ја разоткрива реалната состојба во Газа, каде што на 19 јануари стапи на сила прекин на огнот, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу.

На средбата со претседателот на Советот (Шурата) на Хамас, Мухамед Дервиш, во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган изрази надеж за успешно завршување на втората и третата фаза од прекинот на огнот, што на крајот ќе доведе до целосно повлекување на израелските сили од Газа и ќе започне нејзината обнова.

Ердоган истакна дека 471-дневната борба на палестинската група (Хамас) во Газа потврди дека духот на отпорот ќе опстои, пофалувајќи ги напорите на групата.

Израел уби над 47.000 Палестинци, главно жени и деца, во Газа од 7 октомври 2023 година и ја остави енклавата во урнатини.

На средбата присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, шефот на разузнавањето Ибрахим Калин, главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килич и други официјални претставници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данска го декласира Бразил

Следно

Чупеска во Аргумент плус: Дел од советничката листа на Мицкоски покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има влијание од Груевски

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop