Ердоган: Туркије ќе продолжи да ги поддржува Палестинците во пресрет на месецот Рамазан

January 25, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије ќе продолжи со својата поддршка за Палестинците пред претстојниот свет муслимански месец Рамазан, со продолжување на активностите како и во изминатите 15 месеци, рече денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган говорејќи за прекинот на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел, јавува Анадолу.

„Како што стоевме покрај нашите палестински браќа 15 месеци (од израелската геноцидна војна), повторно ќе ги мобилизираме сите наши ресурси пред светиот месец Рамазан“, рече Ердоган на 8-от Редовен Обласен конгрес на АК Партијата во Ескишехир, северозападна Туркије. Рамазан оваа година треба да биде во месец март.

Палестинската група на отпорот Хамас претходно во текот на денот предаде четири израелски војници жени во рамките на договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници со Израел.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, запирајќи ја израелската геноцидна војна во која се убиени речиси 47.300 Палестинци, главно жени и деца, а најмалку 111.470 се повредени од 7 октомври 2023 година досега.

– „Одговорните за пожарот во скијачкиот центар ќе одговараат“ –

Во врска со пожарот во ски-центарот во Болу, северозападна Туркије, кој се случи оваа недела, Ердоган рече дека судовите ќе ги повикаат на одговорност оние кои се одговорни за трагичната загуба на животи.

„Се преземаат сите чекори, без компромиси, за да се осигури дека оние кои ѝ нанесоа голема болка на нашата нација ќе одговараат пред судот“, рече турскиот претседател.

Во пожарот загинаа 78 луѓе, соопшти вчера турското Министерство за правда, откако заврши идентификацијата на сите тела.

Пожарот избувна во вторникот пред зори во ресторанот на хотелот во ски-центар Карталкаја и брзо се прошири низ зградата, изјави гувернерот на градот.

Министерот за правда, Јилмаз Тунч, претходно соопшти дека се спроведува сеопфатна истрага со тим од шест обвинители и петчлена експертска комисија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медисон Кис го освои Австралија опен

Следно

374 НВО реаграа на протерувањто на активистите од Србија меѓу нив и македонката Ирена Росо

Latest from Blog

Ѕвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?

Фото: Њујорк Х Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови

„Македонијатурист“ ќе управува со хотел „Русија“, се подготвува ново поглавје за објектот на Самсоненко

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во непосредна близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според достапните информации, компанијата веќе регистрирала подружница на адресата на

Хотел „Русија“ под нов менаџмент: „Македонијатурист“ го презема управувањето

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, кој се наоѓа во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, дознава „Фактор“. Според информациите, акционерското друштво кое управува со
Go toTop