374 НВО реаграа на протерувањто на активистите од Србија меѓу нив и македонката Ирена Росо

January 25, 2025
1 min read

374 граѓански организации од 27 земји реагираа поради протетрувањето на 13 странски државјани од Србија меѓу кои е и македонската државјанка Ирена Росо, затоа што властите оцение дека се „безбедносен ризик“ за земјата.

Односно извршен им е политички прогон под сомнение дека се  надворешни непријатели кои се обвинети за протестите во Србија. Ова дејство, кое се случи на 22 јануари 2025 година, предизвика сериозна загриженост и осуда од страна на организациите кои работат на полето на човековите права и демократските вредности.   

– Со голема загриженост, ние, потписниците на оваа изјава, 374 граѓански организации од 27 земји низ Европа, ја примивме алармантната вест за ноќното притворање и неправедната депортација на државјани од Хрватска, Словенија , Романија , Австрија, Албанија и Македонија кои се наоѓале во Белград на студиска посета на програмата  на Ересте фондација , која е посветена на образование на млади професионалци кои работат во НВО секторот. Силно апелираме до српските власти да обезбедат транспарентно објаснување за овие неразумни и нелегитимни дејства против граѓански активисти од земји-членки на ЕУ и кандидат за членство, и да осигураат дека ваквото неправедно третирање нема да се повтори. 

Протерувањето на 13те странски државјани е меѓународен срам за Србија, вели новинарката Јелена Зориќ од БИРН. Таа истакнува дека наспроти тврдењата на српските власти, активистите немаат никаква поврзаност со протестите на студентите во Србија. 

Македонската државјнка која беше протерана заедно со останатите 12 државјани од други земји веќе изјави дека не знае зошто се депортирани од Србија, ниту пак каков ризик претставуваат.

– Не знам што се случи, како се случи и зошто се случи… никој од нас не знае. Но, беше многу непријатно. Не ни кажаа каков ризик претставуваме. – Ирена Росо.

Македонското МНР веќе побара објаснување од Србија за протерувањето на македонската државјанка. Росо, извршна директорка на здружението на граѓани за поддршка на лица со попреченост „Солем“ е единствената македонска државјанка која учествувала на едукацијата и е протерана од Србија. Една година ѝ е забранет влезот во оваа држава. Сите протерани имаат исти решенија за депортација и треба да поднесат жалба во рок од 15 дена.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Туркије ќе продолжи да ги поддржува Палестинците во пресрет на месецот Рамазан

Следно

МНР загрижено за протерувањето на македонската државјанка од Србија, ќе бара објаснување

Latest from Blog

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот

Пофалби и опомени од ОН: Македонија треба поцврсто да ги штити мигрантите и новинарите

Комитетот за човекови права при Обединетите нации го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права. Експертите ја поздравија посветеноста на

Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според

Импресивна тајмлапс-снимка од полумесечината над џамијата Фатих во Истанбул

СКОПЈЕ (АА) – Полумесечината над Истанбул е снимена преку тајмлапс-снимка, создавајќи впечатлива глетка заедно со историската џамија Фатих во прв план, јавува Анадолу. Снимката ја прикажува месечината како се спушта зад куполите

Енис Барди се враќа во Шпанија?!

Енис Барди е слбоден играч, откако се раздели со Бодрумспор. Клубот не успеа да избори опстанок во Суперлигата на Турција. Разделбата со поранешниот играч на Ујпешт, Леванте и Трабзон го потврди клубот
Go toTop