Ердоган: „Секој стан срушен во земјотресите повторно ќе го изградиме и ќе го предадеме на сопствениците“

February 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека 98 отсто од уништените згради во регионите во Туркије погодени од земјотресот биле изградени пред 1999 година, јавува Анадолу.

Ердоган ѝ се обрати на нацијата од координативниот центар на Управата за катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), и ги сподели најновите информации за земјотресот што го погоди југот на Туркије.

Тој го сподели податокот дека во земјотресите во Туркије досега животот го изгубиле 35.418 лица, додека на лекување во болниците се 13.208 лица.

Истакна дека сите експерти во светот се согласни дека големината и деструктивноста на земјотресот на југот на Туркије е исклучителен природен феномен.

„Фактот дека 98 отсто од сите згради уништени во последната катастрофа се изградени пред 1999 година го покажува напредокот што го постигнавме во поглед на стандардите за градба и инспекција, но исто така нé потсетува дека кон оваа работа мора да пристапиме уште поцврсто“, рече Ердоган.

Наведе дека се завршени процесите на пребарување на 15.000 од над 19.000 градби што се урнаа во подрачјата погодени од земјотресот.

„Секој стан и деловен простор што е уништен во земјотресите ќе биде повторно изграден и предаден на сопствениците. Туркије веќе идниот месец почнува со изградба на 30.000 станови уништени во земјотресот“, рече Ердоган.

Во регионот погоден од земјотресот утврдено е дека 211.000 станбени единици, во 47.000 објекти, се урнале, се тешко оштетени или потребно е нивно итно рушење.

Според Ердоган, 1.850.000 станбени единици и деловни простории во вкупно 369.000 станбени објекти биле пребарани од тимовите на Министерството за заштита на животната средина, урбанизам и климатски промени.

„Во активностите во подрачјата погодени од земјотресот учествуваат околу 250.000 јавни службеници“, рече турскиот претседател.

Додаде дека досега се задоволени потребите за засолништа на вкупно 1,6 милиони жртви од земјотресот. Во регионот се подигнати 175.000 шатори и поставени се 5.400 контејнери.

Ердоган наведе дека Катар по морски пат испраќа 10.000 контејнери во Туркије кои наскоро треба да пристигнат во пристаништето Искендерун во Хатај, а потоа да бидат поставени заедно со оние кои доаѓаат од другите делови на земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЛШ: Минимални победи на Баерн и Милан во првите натпревари

Следно

СП за клубови за оваа године ќе се игра во Саудиска Арабија од 12 до 22 декември

Latest from Blog

Почнаа подготовките за локалните избори – Вреди прво ќе формира партија, а бара Таравари да излезе од Владата

Политичките партии ги почнуваат подготовките во пресрет на локални избори наесен, веќе се прават калкулации кој како ќе настапи, дали ќе има изборни коалиции и со каква поддршка. Од коалицијата ВРЕДИ велат

Со „анархија, презир, безумие и гнев“ беа оценети политиките на министерот за култура на денешниот протест на Синдикатот

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување

Додека Владата чека објава на цените на интернет, трошоците за храна растат

Во услови на растечка инфлација и сè поголем притисок на домашниот буџет, најновото зголемување на синдикалната минимална кошничка за април 2025 година за 836 денари на 62.691 денар укажува на сериозни предизвици

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека во моментот нема

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово денеска  информираше дека во текот на неделата партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателство кое ќе се
Go toTop