Ердоган: „Се соочуваме со дигитален фашизам што не може да ги поднесе ниту сликите на шехидите од Палестина“

August 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го насочи вниманието кон сѐ поголемите проблеми и притисоци во меѓународниот систем, особено во екот на континуираните израелски напади врз Газа, јавува Анадолу.

„Светската политика минува низ една од своите најостри кривини. Постои сериозен вакуум на моќта во меѓународниот систем и ние сме соочени со губење на моралот и совеста“, рече Ердоган во говорот во главниот град на Туркије, Анкара, и посочи:

„Меѓународниот систем банкротираше со кризата во Газа.“

Осврнувајќи се на нападите на Израел врз Газа, Ердоган нагласи:

„Советот за безбедност на Обединетите нации не ни трепнува пред суровоста што мора да го крене човештвото на нозе.“

Споредувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со Адолф Хитлер, Ердоган рече дека оние што „аплаудираат“ на неговите лаги „никогаш не ќе да можат да ги измијат темните дамки од рацете до крајот на нивниот живот“.

Извршителите на геноцидот „не треба да бидат зад говорниците во законодавните домови, туку во судниците каде што ќе одговараат за своите злосторства“, додаде тој.

Говорејќи за социјалните мрежи, Ердоган рече дека денес се соочуваме со „дигитален фашизам“.

„Се соочуваме со дигитален фашизам што не може да ги поднесе ни сликите на шехидите на Палестина и веднаш ги забранува продавајќи го тоа како слобода. Сведоци сме дека компаниите на социјалните мрежи се однесуваат како мафија во сите работи што навлегуваат во нивните интереси. Грижата што ја покажуваат во следењето на правилата во Америка и Европа свесно ја занемаруваат кога станува збор за Туркије“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија тврди дека го убила заменик-министерот за економија на Газа

Следно

Во „Барометарот“ на Транспаренси интернешнл Македонија за јули повеќе „матни“ од „бистри“ случаи

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop