Во „Барометарот“ на Транспаренси интернешнл Македонија за јули повеќе „матни“ од „бистри“ случаи

August 5, 2024
1 min read

Во најновиот извештај на Транспаренски интернешнл Македонија случаите кои се поврзани со можна корупција во последниот месец  се поделени на два дела, „бистри и матни“.

Влезот на Обвинителството во Академијата на судии и јавни обвинители е класифициран како најматен случај каде судските власти истражуваат кривично дело – примање награда против законско влијание. Во извештајот на оваа невладина организација која редовно објавува истражувања поврзани со борбата против корупцијата може да се забележи дека под лупа се ставени и анкетните листови на пратениците, каде е констатирано дека неколумина не си ја завршиле домашната задача, односно не доставиле извештај каков движен и недвижен имаот поседуваат. 

„Не значи дали е поголема или помала корупцијата, можеби во одредејн период тоа значи дали се обзнанува, дали повеќе се гони корупцијата. Она што може да се види од извештајот е дека бројот  отприлика е ист како и претходно. Не може да кажеме дека имаме некое значително поместување во борбата против корупцијата сепак борбата против корупцијата е еден селожен  проблем кој бара еден поголем и поопширно дејствување со цел истата да се сузбие.“ – вели Благоја Пандовски претседател на Транспаренски интернешнл Македонија.

Таканаречените „бистри“ случаи во извештајот на Трансаренски се однесуваат на активности на истражителите во однос на несовесно работење и  злоупотреба на службена положба. Во последниот извештај на Европската комисија се констатира дека постои распространета корупција, без напредок во судството, прекумерна употреба на европското знаме и политичката поларизација.

Според Индексот на перцепција на корупцијата за ланската година, Македонија е рангирана на 76 место од 180 држави во светот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Се соочуваме со дигитален фашизам што не може да ги поднесе ниту сликите на шехидите од Палестина“

Следно

На Украина не и е сеедно што Москва и Западот договорија размена

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop