Израелската армија тврди дека го убила заменик-министерот за економија на Газа

August 5, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската армија денес ја презеде одговорноста за атентатот на Абдул Фатах Ал-Зериеи, заменик-министер за економија во Газа, во воздушниот напад вчера, во кој загина и неговата мајка, јавува Анадолу.

Во соопштението на армијата се вели дека во воздушниот напад бил елиминиран Абдул Фатах Ал-Зериеи, при што се тврди дека тој бил „оперативец во Одделот за производство на военото крило на Хамас, воедно и министер за економија на Хамас во Појасот Газа“.

Понатаму во соопштението се тврди дека Ал-Зериеи бил одговорен за дистрибуција на гориво, гас и средства за непријателска намена.

Канцеларијата за медиуми во Газа во неделата соопшти дека Ал-Зериеи бил убиен во воздушен напад врз куќа во Деир ал-Балах, Централна Газа, при што животот го загубила и неговата мајка.

Од почетокот на воената кампања против Газа на 7 октомври 2023 година, цел на Израел беа и официјални претставници на администрацијата на палестинската енклава, елиминирајќи голем дел од нив.

Минатата недела и Иран и Хамас го обвинија Израел за убиството на Исмаил Ханије, шеф на Политичкото биро на Хамас, во иранскиот главен град Техеран, обвинение што Израел ниту го потврди ниту го демантира. Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навести вмешаност на Израел.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа.

Во нападите на израелските сили врз Појасот Газа од 7 октомври досега убиени се речиси 39.600 Палестинци, меѓу кои поголем број деца и жени, а околу 91.400 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“, ДЕБИТО НА ДИМИТАР ОРОВЧАНЕЦ, ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Следно

Ердоган: „Се соочуваме со дигитален фашизам што не може да ги поднесе ниту сликите на шехидите од Палестина“

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со
Go toTop