Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

March 26, 2026
1 min read

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни.

Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека е „илузорно при здрав разум“ некој да ги прифати ваквите тврдења од страна на СДСМ.

Тој додаде дека, според него, се работи за комуникациска стратегија со често повторување на одредени пораки со цел да се создаде впечаток кај јавноста.

-Некој го има советувано да ги повторува овие зборови, со надеж дека ќе создаде перцепција дека тоа е вистина, но не мислам дека тоа е мудро“, рече Стојаноски.

Пратеникот постави и политичка дилема, повикувајќи ги граѓаните да направат споредба меѓу актуелниот премиер и можната алтернатива.

-Ако не е Мицкоски премиер, тогаш субститутот би бил Венко Филипче. Граѓаните треба да ги стават на кантар нивните квалитети и да одлучат во која насока сакаат да се движи државата, истакна тој.

Во однос на економските мерки предложени од СДСМ, Стојаноски оцени дека станува збор за политики кои претходно биле предложени од ВМРО-ДПМНЕ додека биле во опозиција.

-Тие мерки ги предлагав и ги бранев во Собранието, но се заборава клучната работа – дека тие водат политика според дневнополитички потреби, како што управуваа со државата во изминатите седум години, додаде Стојаноски.

Во продолжение погледнетеја прремиерата од гостувањето на Стојаноски во „Наткаст“:

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Следно

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop