Ердоган разговараше со Путин за случувањата во Русија

June 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолу.

Од Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије соопштено е дека двајцата претседатели разговарале за најновите случувања во Русија.

За време на разговорот, Ердоган ја истакнал важноста да се постапува со здрав разум.

Турскиот претседател рекол дека Туркије е подготвена да го направи својот дел за мирно решавање на случувањата во Русија што е можно побрзо.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин за предавство, откако утрово борците од регионите во Украина под руска контрола влегоа во рускиот град Ростов.

Тензиите меѓу Москва и паравоената група се зголемија откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите борци.

Русија синоќа ги негираше тврдењата и издаде налог за апсење на Пригожин.

Во последните месеци, Пригожин во повеќе наврати ја обвини Русија дека не испорачува доволно оружје за паравоената група која се бори заедно со руската војска во Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навистина е лесно да се биде диригент ако имате музичка наобразба, ако го знаете добро својот оркестар и му верувате

Следно

Кремљ демантира дека Путин ја напуштил Москва

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop