Ердоган: „Нетанјаху достигна ниво со неговите геноцидни методи што би го направило и Хитлер љубоморен“

May 12, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своите геноцидни методи во Појасот Газа го има достигнато нивото кое и починатиот германски диктатор Адолф би го направил љубоморен, јавува Анадолу.

„Можно ли е да се гледа она што Израел му го нанесува на народот во Газа со месеци како легитимно; Израел да бомбардира болници, да убива деца, да ги угнетува цивилите и да ги осудува невините луѓе на глад, жед и недостаток на лекови под различни изговори? Што правеше Хитлер во минатото? Тој угнетуваше и убиваше луѓе во концентрациони логори“, истакна Ердоган во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

„Зарем Газа не беше претворена во затвор на отворено не само по 7 октомври, туку со години претходно? Зарем луѓето таму со години не беа осудени на ограничени ресурси, речиси како концентрационен логор? Кој е одговорен за најбруталните и систематски масовни убиства во Газа по 7 октомври?“

„Нетанјаху достигна ниво со неговите геноцидни методи што би го направило и Хитлер љубоморен. Зборуваме за Израел, кој како цел зема амбулантни возила, ги гаѓа местата за дистрибуција на храна и отвора оган врз конвоите со помош“, рече турскиот претседател.

Потсетувајќи дека палестинското движење Хамас го прифати катарско-египетскиот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Ердоган рече дека Израел не сака прекин на огнот и измислува изговори поради желбата да ја окупира цела Газа.

„Суровоста и масакрот продолжуваат. Ние продолжуваме да се стремиме кон решение. Оние кои го поддржуваат Израел мора да ги преиспитаат сите овие случувања и да бидат на страната која ги брани мирот и спокојството со чувство на историска одговорност“, рече Ердоган.

Израел уби речиси 35.000 Палестинци по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година, кој однесе 1.200 животи.

Израелските напади претворија голем дел од Газа во урнатини, покрај тоа што предизвика широко распространета глад и болести во енклавата блокирана од 2007 година.

Турскиот претседател за весникот „Катимерини“ говореше и за турско-грчките односи пред утрешната посета на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Анкара.

Ердоган рече дека ќе дадат сѐ од себе за мирот и спокојството засекогаш да владеат на двете страни на Егејското Море.

„Наше е да ги ублажиме односите меѓу двете земји, кои некои се обидуваат да ги стиснат меѓу два ѕида, и да ги срушиме ѕидовите на предрасудите“, порача Ердоган.

Тој, исто така, рече дека Туркије е за тоа Соединетите Американски Држави (САД) да ја задржат својата политика на рамнотежа во односите меѓу Туркије и Грција.

Коментирајќи ги хидрокарбонските активности и истражувања во Источниот Медитеран, турскиот претседател рече дека без учество на Туркије тешко дека ќе може да успее некој проект во регионот, првенствено во Источниот Медитеран.

Ердоган рече дека смета оти нема потреба од визи за турските граѓани за грчките острови.

„Не треба да има потреба од тоа и Европската Унија треба да одобри либерализација на визниот режим за Туркије“, порача Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Следно

Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар

Latest from Blog

Македонска берза со умерен пад на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос

Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго. Порталот „КРИК“, и меѓународната

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на

Низ Европа се шири нова инфекција: Болест од коњи и говеда почна да се пренесува меѓу луѓето!

Здравствените експерти предупредуваат дека низ Европа се шири нова инфекција која ја промени досегашната динамика и почна да се пренесува од човек на човек, пред сè преку сексуален и близок физички контакт.

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во
Go toTop